fbpx

Анџелина Џоли ги посети сириските бегалци во Турција

-

Холивудската ѕвезда и амбасадорката на добрата волја на УНХЦР, Анџелина Џоли, ги посети сириските бегалци во Турција и во таа пригода апелираше до меѓународната заедница да преземе акција за решавање на бегалската криза.

Актерката во друштво на Антонио Гутиерес, висок комесар на Обединетите нации за бегалци, го посети кампот во југоисточната турска провинција Мардин, каде засолниште нашле илјадници Сиријци што побегнале од конфликтот во нивната земја.

Џоли и Гутиерес, исто така, разговарале со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во рамките на програмата предвидена за Светскиот ден на бегалците.

– Дојдовме овде поради една единствена причина, а тоа е бидејќи овој регион е епицентар на светска криза. Приближно 60 милиони луѓе се раселени поради разни конфликти во светот. Не станува збор само за бегалска криза, туку за криза на светската безбедност, која се манифестира преку досега најлошата бегалска криза и масовно раселување – истакна Џоли.

Таа повика на заштита на бегалците, напоменувајќи дека тие не се проблемот, туку дел од решението за светската криза.

Џоли особено ѝ се заблагодари на Турција, која стана земја со најмногу бегалци во светот. Официјално, во оваа земја моментално се наоѓаат повеќе од 1,7 милион сириски бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...