fbpx

Кривична пријава против 16 лица осомничени за криумчарење мигранти

-

Министерството за внатрешни работи, по вчерашната акција, поради постоење сомневање дека организирале група и потикнувале на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти, како и дека илегално транспортирале мигранти и помагале, поднесе кривична пријава против 16 лица.

Осомничените се на возраст од 24 до 78 години и тоа шестмина од Куманово, пет од Ваксинце, двајца од Скопје, по едно лице од Матејче, Черкезе и од Богданци и еден странски државјанин од Бангладеш, кој имал улога на организатор на активностите на групата.
Од групата, МВР трага по четворица кои се во бегство. Другите биле изведени пред надлежен судија, кој им изрекол мерка притвор.

„Секој од членовите на групата имал различни задачи околу илегалното спроведување мигранти, за кое наплаќале сума од 600 до 1.000 евра по мигрант. При реализацијата на истрагата, вчера, околу 4.30 часот, кај село Доброшане, Кумановско, беше пресечен транспорт на седум мигранти од три од пријавените лица, кои ги прифатиле мигрантите на место во близина на Богданци и преку Струмица, Штип и Свети Николе се упатиле кон Куманово, од каде мигрантите требало да продолжат кон село Ваксинце и понатаму кон Србија и некоја од земјите на ЕУ. Врз основа на добиени наредби за претрес на дом и на други простории, преземени се мерки и активности за претреси во вкупно 11 објекти, кои се сопственост или се користени од членовите на групата, при што во куќата на еден од осомничените во село Ваксинце е пронајдена голема група нелегални мигранти“, велат од МВР.

МВР информира дека групата броела околу 160 мигранти, меѓу кои најмалото било девојче на возраст од една и пол година, додека најстариот бил 37-годишен маж. Од откриената група 18 биле жени, а другите мажи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...