fbpx
Таг: посета

таг: посета

Хан во Гевгелија: Следната недела ќе разговараме за нова помош за Македонија

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утрово пристигна во Гевгелија, во посета на прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, каде се сретна со бегалците од Сирија. - В понеделник, преставници на Европската комисија и експерти од вашата земја ќе прават процена на состојбата, за да ги идентификуваат потребите од дополнителна финансиска помош, опрема и од човечки ресурси за поефикасно...

Хан: Република Македонија не е паркиралиште за бегалците

Република Македонија не е паркиралиште за бегалците, повтори еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, за време на заедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски. - Земјите од Западен Балкан се жртви на ситуацијата на Блискиот Исток. Вие сте соочени со наплив на бегалци. Европската унија помага во справувањето со кризата и се надевам дека следната недела ќе биде...

Еврокомесарот се растури од твитање

Еврокомесарот за проширување  и за соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил цело време споделува впечатоци и фотографии по средбите во Скопје. Така, по разговорите со цивилниот сектор и со Националниот совет за евроинтеграции, тој на „Твитер“ напиша: „Средба со цивилниот сектор: Треба да го надминеме менталитетот „победници-губитници“. За напредок во реформите треба соработка плус компромис. На крајот на сите напори...

Хан утре ќе оди во кампот за бегалци во Гевгелија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Македонија, утре ќе го посети кампот за беглаци во Гевгелија. Денеска тој има малку поинаква агенда од најавената, па во 12 часот ќе има средба со премиерот Никола Груевски, во 12.30 часот - со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а половина час подоцна ќе има средби...

Хан пристигна во Скопје, Јанева не знае дали му е во агендата

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, пристигна на дводневна посета во Скопје. Утрово тој се сретна со претставници на невладиниот и на граѓанскиот сектор и со евроамбасадорот Аиво Орав. Тој на својот твитер-профил сподели „Штотуку пристигнав во Скопје. Прва е средбата со цивилното општество, чиј ангажман е клучен за реформскиот процес“. https://twitter.com/JHahnEU/status/644768415928946688 Од канцеларијата на Хан во Брисел соопштија дека во...

Хан вечерва пристигнува во Скопје, можна е „случајна“ средба со Јанева

Еврокомесарот за проширување и за соседска политка, Јоханес Хан, доцна вечерва пристигнува во Скопје со комерцијален лет. Работната посета официјално ќе ја почне утре, во 10.30 часот, на средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски. По средбата со премиерот Груевски, се очекува Хан да присуствува на пленарната седница за Претпристапните преговори...

Хан ќе руча со Груевски, а ќе вечера со невладините

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, в петок ќе допатува во Скопје за обновување на претпристапните преговори на високо ниво со Европската унија (ХЛАД). На неговата агенда, прво е најавена средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски. Трета точка на распоредот на Хан е пленарната седница за ХЛАД,...

Фиона Мекилвам денеска и утре во посета на Македонија

Фиона Мекилвам, директор за Западен Балкан и за проширување во британското министерство за надворешни работи и Комонвелт, ќе престојува во посета на Македонија денеска и утре, соопштија од британската амбасада. За време на нејзиниот престој, Мекилвам ќе се сретне со претставници на владејачките и на опозициските партии, аналитичари и со граѓанскиот сектор. Посетата е во рамки на редовната билатерална соработка помеѓу Македонија...

Јолевски ќе го посети транзитниот центар за бегалци во Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска во Гевгелија ќе го посети транзитниот центар за бегалци на пограничниот премин Гевгелија. Претходно, во Скопје, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Mетодија Величковски, министерот ќе присуствува на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал, кој се организира во чест на загинатите бранители од 2001 година. Организациониот одбор, составен од Министерството за...

Груевски: Владата има пари за проекти во Куманово, само Општината треба да ги побара

Владата има планирано средства во износ од неколку милиони евра за проекти во општината Куманово, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Куманово и на околните општини, но забележа дека и покрај предвидените пари, Општината досега не побарала и не аплицирала со ниту еден проект. - Ние, како Влада, секоја година даваме одредени средства од Програмата за рурален развој...

Градоначалникот Трајановски им посака успех на учениците од „Панче Арсовски“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, на првиот училишен ден го посетија средното училиште „Панче Арсовски“, каде на учениците запишани во прва година им посакаа добредојде во училиштето, успех во совладувањето на наставните содржини и многу убави спомени од средношколските клупи. - Денеска почнува новата учебна година, а на учениците запишани...

Меркел: Нема толеранција за оние кои искажуваат омраза кон мигрантите

Канцеларката Ангела Меркел денеска ги повика германските граѓани да застанат против, како што ги нарече „срамните“ протести против мигрантите кои доаѓаат во земјата, јавуваат медиумите. Пораката германската канцеларка ја соопшти за време на нејзината посета на новиот центар за азиланти во Хајденау, близу Дрезден, кој минатиот викенд беше цел на напади и немири предизвикани од припадници на ултра-десничарските организации...

Груевски на отворање на фабриката „Техникал текстајлс“

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворање на фабриката на германската компанија „Техникал текстајлс“ во Tехнолошко индустриската развојна зона – Штип. Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за инвестиција.

Путин: Со Украина се управува од странство

Со Украина се управува од странство, што е понижувачки за украинскиот народ, оцени рускиот претседател Владимир Путин во посетата на Крим. - Уверен сум дека Украина, и покрај моменталните потешкотии, ќе се развива во вистинска насока и дека ќе се откаже од понижувачката практика со целата земја да се управува од странство – рече Путин алудирајќи на неколкуте странци кои...

Груевски постави камен темелник на нова градинка во Петровец

Премиерот Никола Груевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски поставија камен темелник на нова детска градинка во општината која ќе биде со капацитет за 80 деца. Градинката која треба да биде готова за два до три месеци, чини 15 милиони денари, од кои 10 се од буџетот на Општина Петровец, а...

Заев: СДСМ е за гласање на дијаспората, но со одредени измени

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека гласањето на дијаспората треба да се задржи, но со одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, при денешната средба со жителите на реканскиот крај. - Нашинците во странство, кои им помагаат на своите семејства, но и индиректно ја крепат и економијата на државата,...

СДСМ: Посетата на Груевски на Прилеп е популистички потег на премиер во заминување

„Во недостиг од некаков сериозен проект за справување со рекордната невработеност и со сиромаштија во Прилеп, Никола Груевски денеска, пред прилепчани зборуваше за прогресот во изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Штип“, реагираат од општинската организација на СДСМ во Прилеп на денешната посета на премиерот. „Граѓаните не забораваат и сè уште чекаат одговори од Никола Груевски за корупцијата...

Спасовски: Автократскиот режим заминува, доаѓа време на слобода

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со претставници на општинската организација на СДСМ во Ново село, беше во посета на општината, на средби со жителите на селата Смолари, Старо Коњарево и Дражево. Станува збор за печалбарски крај, каде сега се вратени граѓаните иселени во Италија и во Швајцарија. „Луѓето со кои зборуваше Спасовски, ги поздравија истрајните политики на СДСМ, во...

Претседателот Барак Обама во посета на Кенија

Американскиот претседател Барак Обама вечерва ќе пристигне во официјална посета на Кенија и првпат ќе ја посети татковината на својот татко, откако е на претседателска функција. Со неа ја почнува турнејата низ Африка, каде што е предвидено да ја посети и Етиопија. Се очекува дека Обама за време на посетата во Најроби, ќе се сретне со своите роднини, но не е во...

Меркел: На Германија ѝ е важна европската перспектива на БИХ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Сараево оцени дека БИХ има европска перспектива, но под услов, политичарите сериозно да си ја сфатат можноста која на оваа држава ѝ ја дава новата иницијатива на Европската унија. - Европската перспектива на сите држави во регионот ни лежи на срце. Но, целиот регион може да просперира само со развој на БИХ - порача Меркел по...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...