fbpx

Меркел: Нема толеранција за оние кои искажуваат омраза кон мигрантите

-

Канцеларката Ангела Меркел денеска ги повика германските граѓани да застанат против, како што ги нарече „срамните“ протести против мигрантите кои доаѓаат во земјата, јавуваат медиумите. Пораката германската канцеларка ја соопшти за време на нејзината посета на новиот центар за азиланти во Хајденау, близу Дрезден, кој минатиот викенд беше цел на напади и немири предизвикани од припадници на ултра-десничарските организации во земјата.

За време на денешната посета, германската канцеларка била вербално нападната од група крајно-десничарски демонстранти кои извикувале „предавник“ кон неа.

Германија се соочува со зачестени напади на центрите за азил, поради големиот број на мигранти кои пристигаат во земјата.

„Нема да има толеранција за оние луѓе кои го доведуваат во прашање достоинството на другите, нема толеранција за оние кои не сакаат да помогнат онаму каде е потребна правна и човечка помош“, изјавила Меркел за медиумите по посетата на центарот, додавајќи дека Германија се соочува со „огромен предизвик“.

Според извештаите, Германија се очекува годинава да прими 800.000 барања за азил, повеќе од било која друга земја членка на Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...