fbpx

СДСМ: Посетата на Груевски на Прилеп е популистички потег на премиер во заминување

-

„Во недостиг од некаков сериозен проект за справување со рекордната невработеност и со сиромаштија во Прилеп, Никола Груевски денеска, пред прилепчани зборуваше за прогресот во изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Штип“, реагираат од општинската организација на СДСМ во Прилеп на денешната посета на премиерот.

„Граѓаните не забораваат и сè уште чекаат одговори од Никола Груевски за корупцијата во тендерите за изградбата на патишта и за провизијата од 25 милиони евра, спомената во аудиоснимките и доказите што ги објави СДСМ. Прилепчани се целосно свесни за криминалното владеење на Владата на ВМРО- ДПМНЕ и на Никола Груевски. Токму затоа ваквите популистички посети на премиерот во заминување, поминуваат тивко, во мачна атмосфера и без поддршка од граѓаните“, стои во писмената реакција на прилепските социјалдемократи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...