Јолевски ќе го посети транзитниот центар за бегалци во Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска во Гевгелија ќе го посети транзитниот центар за бегалци на пограничниот премин Гевгелија.

Претходно, во Скопје, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Mетодија Величковски, министерот ќе присуствува на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал, кој се организира во чест на загинатите бранители од 2001 година.

Организациониот одбор, составен од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Здружението „Херои на Македонија“, го организира меморијалниот турнир на кој ќе учествуваат екипи од министерствата за одбрана и за внатрешни работи, како и од ГШ на Армијата на Република Македонија, полицискиот синдикат, армискиот синдикат и од Агенцијата за млади и спорт.