fbpx

Спасовски: Автократскиот режим заминува, доаѓа време на слобода

-

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со претставници на општинската организација на СДСМ во Ново село, беше во посета на општината, на средби со жителите на селата Смолари, Старо Коњарево и Дражево. Станува збор за печалбарски крај, каде сега се вратени граѓаните иселени во Италија и во Швајцарија.

„Луѓето со кои зборуваше Спасовски, ги поздравија истрајните политики на СДСМ, во кои гледаат надеж за промена на состојбата во Македонија на подобро. Велат дека блискоста на СДСМ со граѓаните и заложбите за подобра иднина се видливи и дека раководството и партијата треба да продолжат по тој пат“, информираат од СДСМ.

– СДСМ покажа дека е подготвен да истрае во битката кога станува збор за интересите на граѓаните и на државата. Одиме кон зацртаните цели непоколебливо и одлучно, тоа што го ветивме го исполнуваме и понатаму така ќе работиме. Автократскиот режим заминува, доаѓа едно ново време, време на слобода и на демократија – изјавил Спасовски пред селаните.

По средбите со жителите, се оддржал извршен одбор на општинската организација на СДСМ од Ново село во проширен состав. Спасовски ја поздравил истрајноста и упорноста што во „Кампот на слободата“ ја покажаа членовите и поддржувачите на битката за слобода и за демократија од овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...