fbpx

ДОМ: Дијаспората да гласа електронски

-

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) смета дека најрационално и најправично гласање на дијаспората ќе се овозможи со електронско гласање.

Според партијата, со тоа ќе се обезбеди поголемо учество на дијаспората во изборниот процес, а истовремено ќе се овозможи намалување на трошоците.

„Електронското гласање на дијаспората може овојпат да биде применето и како пилот-проект за цела Македонија и како подготовка за некои следни избори кога ќе имаме изградено силни и независни институции. За електронското гласање како најчиста опција за организирана земја, ДОМ има изградено свој став уште од 2013 година“, се наведува во соопштението на ДОМ.

ДОМ смета дека треба да остане можноста за гласање на дијаспората.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...