сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: СДММ | 13 резултати

Заев: Апелирам банките да не ја купуваат еврообврзницата

јули 8, 2016

Одлуката за емитување на нова еврообврзница од 650 милиони евра е финансиско злосторство врз младите, смета лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Во неговото обраќање на летниот камп на СДММ во Охрид, тој истакна дека „безобразието од страна на власта е толку големо што таа не се обидува транспарентно да го презентира расходниот дел на тие пари“. – […]

Европските социјалисти со силна поддршка за демократска Македонија

мај 29, 2016

Претседателот на Социјалдемократската младина и пратеник (СДММ), Стефан Богоев заедно со секретарот на СДММ, Трајче Нешковски учествуваат на одбележувањето на 120 години – социјалдемократија во Словенија. Богоев оствари средба со претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев и со потпретседателот на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Кнут Флакенштајн. -Потребно е целосно повлекување […]

„Шарената револуција“ положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев

април 27, 2016

Демонстрантите на денешниот протест, по повод 111-годишнината од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, положија свежо цвеќе на неговиот споменик пред Собранието на Република Македонија. #ШаренатаРеволуција положи цвеќе пред споменикот на Карев по повод 111 годишнината од неговата смрт #протестирам #п pic.twitter.com/DrGX2bwaaJ — META.mk (@meta_agency) April 27, 2016 Граѓаните, кои протестираат поради одлуката […]

СДСМ: Граѓаните немаат за леб, а ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата

февруари 10, 2016

Додека здравствениот ситем во Македонија се распаѓа и згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики, а животниот стандард е под секое човечко достоинство, ВМРО-ДПМНЕ поставува златни круни на оградата на Владата, обвинува Стефан Богоев, лидерот на Социјалдемократската младина. „Златните украси и оваа ограда граѓаните ги чинат неверојатни 690.000 евра. За лекувањето на малата Тамара беа потребни дваесет […]

СДСМ ветува дека ќе го укине екстерното тестирање

јануари 25, 2016

Доколку победат на избори, од СДСМ ветуваат дека во интерес на учениците, професорите и на родителите ќе го укинат екстерното тестирање, кое, според партијата, е неуспешен проект што предизвикува стрес кај децата и фрустрации кај наставниците. – Екстерното тестирање е еден од најнеуспешните проекти на Никола Груевски во образованието. Ниту нешто мери, ниту нешто подобрува. Само […]

СДММ: Ректорот Стојковски и градоначалникот Трајановски веднаш да си поднесат оставки

декември 14, 2015

Социјалдемократската младина на Македонија побара од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, и од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, веднаш да си поднесат оставки. – Трајановски подмолно, среде ноќ, исече 47 децениски дрвја во кампусот на УКИМ, затоа што знаеше дека тоа нема да смее да го направи преку ден. Трајановски направи упад во просторот […]

СДММ: Руинираните студентски домови се вистинските „споменици“ на власта

октомври 4, 2015

Младите од локалниот клуб на СДММ од Велес денеска организираа активност преку која ги преставија, според нив, вистинските „споменици“ што оваа власт им ги остави на студентите – руинираните студентски домови. „Додека студентот во Македонија нема основни услови за живот, власта во заминување си прави луксузно партиско седиште. Застрашувачки факт е што затворите во Норвешка […]

СДММ: На власта поважни и се спомениците од реконструкција на студентските домови

септември 18, 2015

„За мизерните услови во студентскиот дом „Гоце Делчев“ алармиравме повеќепати. Дури и светската јавност информираше за мизерните услови во кои живеат студентите во Македонија. Безбедноста на студентите е загрозена, покриви почнаа да им паѓаат над главите“, велат од СДММ. – Власта е нема. Десет години досега Груевски и ВМРО-ДПМНЕ имаа можност да направат реконструкција. Но, поважни им се […]

Спасовски: Автократскиот режим заминува, доаѓа време на слобода

јули 30, 2015

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со претставници на општинската организација на СДСМ во Ново село, беше во посета на општината, на средби со жителите на селата Смолари, Старо Коњарево и Дражево. Станува збор за печалбарски крај, каде сега се вратени граѓаните иселени во Италија и во Швајцарија. „Луѓето со кои зборуваше Спасовски, ги поздравија […]

Страна 1 од 1