fbpx
Таг: посета

таг: посета

Турскиот премиер во дводневна посета на Македонија

Денеска и утре, во посета на Македонија ќе престојува турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според соопштението, тој ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов, а ќе разговараат за политичките, економските и за трговските односи меѓу Македонија и Турција.  

Отворен Музејот на дејците на ВМРО во Штип

Премиерот Никола Груевски денеска го посети Штип, каде присуствуваше на отварањето на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и од Штипско и оствари работна посета на новиот далекувод на МЕПСО, кој ќе се протега од Штип до македонско-српската граница. - Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати револуционери, војводи, комити и останати...

Груевски – Ал-Басам: Саудискиот фонд за развој подготвен за поддршка на инфраструктурни проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера, во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф бин Ибрахим ал-Басам. Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од државата Саудиска Арабија и е насочен кон финансирање проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката. На...

Премиерот Груевски со владина делегација во посета на Саудиска Арабија

Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски од денеска е во посета на Саудиска Арабија, пренесуваат медиумите. Владината делегација, покрај премиерот, ја сочинуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, кои, како што соопштиле од владината служба за односи со јавноста, ќе престојуваат...

Принцот Вилијам и Кејт Миделтон во тридневна посета на САД

Принцот Вилијам и војводката Кејт Миделтон вчеравечер пристигнаа во Њујорк, на тридневна посета на САД, во текот на која ќе ја посетат Белата куќа и ќе се сретнат со претседателот Барак Обама и со потпретседателот Џо Бајден. Тие престојуваат на Менхетен, во хотелот „Карлајл“, во близина на Централ парк, кој ѝ беше омилен на принцезата Дијана. Фотографии и видеозапис од пристигнувањето на Вилијам...

Ховит и Вајгел во Македонија

Досегашниот известувач за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит, и неговиот наследник на оваа позиција, Иво Вајгел, денеска во Скопје ќе одржат прес-конференција, а, како што беше најавено, Ховит треба да одржи и предавање. Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која позитивно била оценета досегашната соработка во напредокот на Македонија кон ЕУ, пренесува „Радио Слободна Европа“. Според најавите,...

Путин пристигна во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

Никола Тодоров во посета на Париз

Од денеска, во тридневна работна посета на Франција претстојува министерот за здравство, Никола Тодоров. Тој ќе ја искористи посетата да ја промовира и да ја афирмира идејата за слободни здравствени зони. Во рамки на престојот, предвидена е посета на клиничките центри во Тулуз и во Лион, како и болниците „Сент Џозеф“, „Амбросе Паре“ и„ Д’Ентони“ во Париз.  

Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек, денеска во Македонија

Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек. Ова е возвратна посета откако во јуни годинава неговиот денешен домаќин, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, престојуваше во Турција. Во рамките на посетата, Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов. Попладне, Чичек, заедно со другите членови на делегацијата, ќе го посети...

Како грчките студенти го видоа градот: Со грутка во грлото низ „Скопје 2014“

Ненадејниот наплив на млади грчки студенти кои гласно и љубопитно го разгледуваа и дисeцираа секој дел од центарот на градот, вчера во Скопје беше дел од научната екскурзија на група од 70 студенти од отсекот за балкански, словенски и источни студии при солунскиот Универзитет „Македонија“. Mладата Стела Трагуда и нејзиниот колега Стелјос Солемидис се одмараа на плоштадот, речиси веднаш до...

Генерал Патрик де Русиер во посета на Македонија

Од денеска во дводневна посета на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер. Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот...

Рама во Белград пречекан со највисоки државни почести

Албанскиот премиер Еди Рама во Белград беше пречекан со највисоки државни почести. Тоа е прва посета на еден албански државник на Србија по 68 години. Претпладнево пред Палатата на Србија, Рама беше пречекан од неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ. Според протоколот, беа интонирани химните на двете земји, по што Рама и Вучиќ ја почнаа својата средба во четири очи....

Обама ја почна азиската турнеја

Претседателот на САД, Барак Обама, со посетата на Пекинг ја почна турнејата во Азиско-пацифичкиот регион. Тој утринава се обрати на отворањето на средбата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а вечерва ќе има работна вечера со клучни лидери од Азија. Се очекува Обама да се сретне со новиот индонезиски претседател Џоко Видодо. За време на посетата, американскиот претседател ќе се сретне со кинескиот...

Историска средба: Рама во четири очи со Вучиќ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска ќе престојува во Белград. Првата закажана посета минатиот месец беше откажана по инцидентот на натпреварот на фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија во Белград. Предвидено е тој да разговара со српскиот премиер Александар Вучиќ, по што е најавена пленарна седница на двете делегации. Ова е прва официјална посета на еден албански премиер на...

Шекеринска во работна посета на Франција

На покана на француската Социјалистичка партија, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција, информираат од СДСМ. Во Париз, Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои и таа со првиот човек на Социјалистичката партија - првиот секретар Жан Кристоф Камбадели и со неговиот дипломатски советник Пјер Канити. Социјалистичката партија e најсилната политичка партија во францускиот парламент, а...

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Тој, по средбите во Генералштабот на Армијата на Македонија, денеска ќе биде примен од министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Миле Јанакиески во работна посета на Прилеп

Министерот за транспорт и врски во работна посета
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе ја посети општина Прилеп. Јанакиески ќе присуствува на доделување решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Претседателот Иванов од денеска во работна посета на Србија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Србија, соопштија од неговиот кабинет. Утре, Иванов во Белград ќе има средба со неговиот српски колега, Томислав Николиќ, а ќе се сретне и со претседателката на српското Народното собрание, Маја Гојковиќ. За време на официјалната посета, Иванов ќе има средби и со претставници на македонското...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...