fbpx

Генерал Патрик де Русиер во посета на Македонија

-

Од денеска во дводневна посета на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер.

Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи, Никола Поповски. Предвидени се и средба на делегации од ГШ на АРМ и од Воениот комитет на ЕУ.

Покрај унапредување на понатамошната соработка со Воениот комитет на ЕУ, пред делегацијата на ЕУ ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ и учеството во мисиите предводени од НАТО и од ЕУ, соопшти македонското Министерство за одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...