fbpx

Заев: СДСМ е за гласање на дијаспората, но со одредени измени

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека гласањето на дијаспората треба да се задржи, но со одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, при денешната средба со жителите на реканскиот крај.

– Нашинците во странство, кои им помагаат на своите семејства, но и индиректно ја крепат и економијата на државата, треба да имаат можност да влијаат и на процесите во државата. Затоа предлагаме решенија што ќе гарантираат демократски промени во гласањето на дијаспората и ќе бидат во интерес на сите граѓани – рече Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија, денеска е во посета на Маврово Ростуше и Центар Жупа, со населените места Требиште, Жировница и Велебрдо, каде попладнево има средби со жителите на овие места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...