fbpx

Локвенец: Груевски е непожелна личност во Прилеп

-

По деветгодишно криминално владеење и сите афери во кои е вплеткан, Никола Груевски, очигледно, е непожелна личност, не само за граѓаните на Прилеп, туку и за партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

– Кога веќе зборува за патишта, редно беше Никола Груевски да се изјасни за скандалот со корупција и за провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатиштата, споменати во аудиоснимките и во доказите што СДСМ ги изнесе во јавноста. Со 25 милиони евра може да се отворат илјадници работни места за младите во Прилеп и да се реши најголемиот проблем во нашиот град, а тоа е невработеноста – Рече Локвенец.

Тој посочи дека во Прилеп, поконкретно во населбите Тризла 2, Рид и Варош, сè уште има улици без канализација и асфалт и сето тоа може да реши со многу помалку од 25 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...