fbpx

Девизните резерви бележат пад

-

Според последните расположливи податоци на Народна банка за третото тримесечје од 2015 година, девизните резерви бележат пад.

– Гледано преку факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сè, на редовното намирување на надворешните обврски од државата, а делумно и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од НБРМ. Имено, на почетокот од јули, во услови на акумулирање девизни средства од банките, Народната банка интервенираше со нето-продажба на девизи. Сепак, треба да се нагласи дека на крајот на месецот, со почетокот на сезоната на високи приливи на девизи и релативно добрата девизна позиција на банките, предизвика интервенции на Народната банка со банките-поддржувачи во насока на откуп, којшто продолжува и во август – стои во соопштението на Народна банка.

Анализата на показателите на адекватност на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурна зона. 

– Во однос на депозитниот потенцијал, првичните податоци со јули покажуваат нивно намалување, коешто е резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, по двомесечното намалување, депозитите кај домаќинствата во јули забележаа пораст, најмногу поттикнат од штедењето во домашна валута. Овие поместувања сигнализираат постепено исцрпување на неповолните ефекти врз довербата на населението од зголемената неизвесност во домашното и во надворешното опкружување. Сепак, остварувањата кај вкупните депозити во јули се послаби од проектираните, при што на крајот на јули вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 7,4 проценти, додека проекцијата за крајот на третиот квартал предвидува пораст од 9,5 проценти на годишна основа – се вели понатаму во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...