fbpx

Коѕиас во јуни ќе ја посети Македонија

-

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во јуни планира да направи тура низ Западен Балкан и да ја посети и Македонија.

Коѕиас ја најави желбата и идејата да ги посети Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна во интервју за радиото „Параполитика“, истакнувајќи дека овој чекор е за да се покаже интерес за поактивна грчка политика на Балканот.

Коѕиас забележа дека регионот на Западен Балкан претставува сериозен извор на нестабилност.

– Изворот на нестабилност раѓа национализам, а национализмот може да создадат проблеми – истакна Коѕиас. Тој подвлече дека Грција прави сè што може да не стане дел од тој проблем кој се создава, работи кон тоа да ги заштити нејзините национални интереси, како и да помогне како посредник за регионот да ги реши и грчките отворени прашања и отворените прашања на други држави во врска со ЕУ.

Шефот на грчката дипломатија најави дека планира да се засили соработката со Романија и со Бугарија, бидејќи трите држави заедно, како држави-членки на ЕУ, би требало да имаат посилна соработка и ставови за Балканот, бидејќи сегашниот начин на кој постапуваат им дозволува на трети сили да имаат монопол над справувањето со Западен Балкан. Грчкиот шеф на дипломатијата размислува за ново тристрано сојузништво, кое би можело со еден обединет глас да говори за ситуацијата со државите од Западен Балкан во рамки на ЕУ.

Коѕиас спомена дека веќе имал разговор со бугарската амбасадорка во Грција и било разговарано за можноста да има средби меѓу грчките и бугарските шефови на дипломатии, премиерите, како и можноста за состанок на двете влади некаде во септември.

– Ќе ги оствариме сите овие контакти бидејќи имаме многу заеднички позитивни работи со што може да се решат постоечки индивидуални проблеми и ќе се движиме во насока на создавање силна линија Бугарија-Романија-Грција за да потсетиме кој има право на говор во ЕУ кон Западен Балкан – истакна грчкиот шеф на дипломатијата.

Доколку ја оствари посетата на Македонија, Коѕиас ќе биде вториот грчки министер за надворешни работи, по неговиот претходник, Евангелос Венизелос, кој го скрши речиси деценискиот мраз на избегнување на Скопје и како претседавач со ЕУ минатата година, за време на грчкото претседателство, ги посети сите држави од Западен Балкан, вклучително и Македонија. Ова е втор чекор на Коѕиас за поблиска соработка со македонската влада, по одлуката да се преговара со Скопје за листа на мерки за градење доверба и за топење на мразот меѓу двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...