fbpx

Ципрас извисен во Брисел?

-

Неизвесно е дали ќе се случи долгонајавуваната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Брисел. Само неколку часа пред средбата, грчките медиуми јавуваат дека постојат гласини во странските агенции дека француската страна нема закажано средба денеска во Брисел со Ципрас.

Иако од кабинетот на Ципрас најавија дека во официјалната програма на грчкиот премиер за денешната посета на Брисел е предвидена средба со Меркел и со Оланд, француски извор за „Ројтерс“ изјавил дека нема закажано средба на Оланд со германската канцеларка и со грчкиот премиер и дека на таму ќе се види дали има потреба од таква средба. Новинарот на „Фајненшал тајмс“, Питер Шпигел, пак, на „Твитер“ забележа дека постојат многу гласини во Брисел дека нема да се случи средбата.

Она што предизвикува дополнителна вознемиреност кај грчката страна е најавата дека нема договор за официјална средба и со првиот човек на Европската комисијата, Жан Клод Јункер.

Денешниот состанок на Ципрас со Меркел и со Оланд се сметаше за еден од најкритичните во овие мигови кога времето за Грција истекува и е неопходно што побргу да се постигне договор за нејзината финансиска стабилност и проблемот со грчкиот долг.

Информациите од кабинетот на грчкиот премиер се дека сè уште немаат добиено никаков одговор на листите со дополнителни мерки и реформи кои завчера беа доставени до европските институции. Во Грција се шушка дека меѓу грчката влада и европските институции сè уште има големи недоразбирања околу извесни точки и постои „дупка“ од 500 до 700 милиони евра за која не може да се најде начин и компромис како да се покрие. Забелешките од извори од грчката влада се дека доколку европските институции и сега избегнат да направат компромис и да се дојде до договор, тоа би било јасен сигнал дека некои во Европа имаат одлучено да раскрстат со Грција, наместо да ѝ помогнат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...