fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Од Европскиот парламент: Пофалби, билатерализација, контрадикторност

Со една констатација изнесена од бугарските европратеници во дискусијата по овогодишната Резолуција за Извештајот за Северна Македонија се сложувам: дека таа содржи контрадикторни ставови. Тоа е резултат на лобирањата, бројните направени компромиси, партиските усогласувања и надмудрувања, вклучувајќи и до последните денови пред усвојувањето. Годинешниов тек на подготовката и расправата за Предлог-Резолуцијата предизвика неспоредливо помалку внимание во јавноста од порано, освен...

Порталб: Што се колективните договори кои од неодамна често се спомнуваат?

Неодамна, со почетокот на штрајковите во некои сектори, почна сé повеќе да се спомнуваат колективните договори. Различни синдикати во земјава покрај зголемување на платите бараат и потпишување и усогласување на овие договори. Порталб.мк појаснува што значат Колективни договори, што е предвидено со законодавството на ЕУ и колку се тие важни за имплементација на директивите на Унијата, особено во областа на...

Порталб: Тетовските улици полни со дупки, општината во очекување на компанијата што ќе го изврши санирањето

Дел од главните и споредните улици во Тетово се во очајна состојба и полни со дупки. Ваквата состојба претставува проблем за слободното движење на граѓаните и уште повеќе го влошува хаосот во сообраќајот. Од општината велат дека од моментот кога ќе има договор со компанија за санирање на улиците, работите ќе почнат да се изведуваат итно, пишува Порталб.мк.  Во фото...

Open Data Conference: Јавниот интерес тежи на страната на правото за информирање, наспроти правото на приватност

Јавниот интерес ја воспоставува рамнотежата помеѓу основните човекови права и слободата на изразување/информирање и приватност. Доколку јавниот интерес преовладува над приватниот интерес, податоци и информации може да се обелоденат, без разлика дали тие претставуваат повреда на правата на приватност на одреден поединец или група. Ова, меѓу другото, беше речено на панелот „Етика и анонимизација на податоците“, на вториот ден...

АНАЛИЗА: Дел од капиталните инвестиции “под мраз” – планираните над 600 милиони евра ќе останат само “желба”?

Се "ситни" првото економско полугодие, се црта ребаланс на буџетот. Според последните достапни податоци заклучно со 11 овој месец, реализацијата на капиталните расходи изнесува нешто над 17 отсто. Според најавите со ребaлансираниот буџет преку кратења на непродуктивни трошења ќе се обезбедат околу 100 милиони евра, пишува Порталб.мк. Но, сумата од најавени над 600 милиони евра капитални расходи со сегашниот буџет...

Парадоксално: Земјава има недостиг на судии и покрај тоа што нивниот број е над европските стандарди

Северна Македонија има повеќе судии отколку што се бара со европските стандарди, но сепак судии недостигаат. Ова на прв поглед изгледа парадоксално, сепак причината за овој недостиг е поради вишокот предмети, кои сè уште не се обработени и за кои нема конечен епилог, што може да доведе до застарување на предметите. Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека според...

Порталб анализа: Јавни претпријатија, државни фирми и општини добивале „буџетска помош“ без критериуми и контрола

Иако се работело за милионски суми на пари кои се трошеле од Буџетот за помош на фирмите и на граѓаните во ковид здравствената криза – дел од средствата односно економските мерки не содржеле податоци за тоа како биле планирани, искористени, неискористени, колкав бил износот на имплементација, а постоеле и математички неусогласености, пишува Порталб.мк. Ова е само еден од наодите на Државниот...

Сè уште ништо конкретно за иницијативата „Тетово сака парк“

Иако иницијативата „Тетово сака парк“ започна во февруари со поднесување предлог до општина Тетово за формирање на првиот реален парк од околу 16 хектари во градот Тетово, надлежните сè уште не презеле ништо конкретно во тој поглед. Иницијаторите на оваа иницијатива велат дека главната институција, општина Тетово покажала мала одговорност за предлогот со тоа што не вратила официјален одговор....

Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ под обвинение за финансиски малверзации, таа негира

Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, Теута Лала, под обвинение за финансиски малверзации. Решението на Општината за разрешување, како што велат од оваа институција, се заснова на извештајот на Општинската внатрешна ревизија и е потврдено од Советот на училиштето. Лала во изјава за медиумите ги негира обвинувањата, пренесува Порталб.мк. Од Општина Тетово денеска никој не се согласи...

Порталб: Нефункционално јавно осветлување во дел од Тетово, општината чека избор на изведувач

Поради дефекти на јавното осветлување, некои населби, улици и сокаци во општина Тетово остануваат во темница, иако граѓаните плаќаат и за тоа. Тие се жалат дека овој проблем постои долго време и дека немањето осветлување предизвикува страв и несигурност додека се движат во такви места. Од општината ветуваат решение за проблемот, пишува Порталб.мк. Меѓу локалните тарифи утврдени со закон, е...

Aвтобусите со број 19 не сообраќаат бидејќи Град Скопје не им плаќа на превозниците

Автобусите со број 19, кои сообраќаат во рамки на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, се исклучени од сообраќај. Граѓаните се принудени да пешачат со километри за да фатат други линии со цел да стигнат до саканите дестинации. Според приватната компанија „Макекспрес“ која стопанисува со оваа линија, Град Скопје не им исплатил средства за превоз од февруари и заради тоа...

Реформите во администрацијата недоволни: Потребни се квалитетен кадар и дигитални услуги

„Администрирањето“ на реформите на јавната администрација е главниот проблем, бидејќи реформите се спроведуваат, но не се на посакуваното ниво. Има стратегии, акциони планови, но техничките прашања и волјата се мали. Имаме кадар, но поважно е да имаме квалитет, кој недостасува, особено во областа на информатичката технологија, што секако би помогнало да се унапреди дигитализацијата на услугите, кои граѓаните на...

Порталб: МОН ќе ги дигитализира учебниците од прво, второ, четврто и петто одделение

Министерството за образование и наука (МОН) ќе ги откупи авторските права на сите учебници од прво, второ, четврто и петто одделение за да го постави нивниот електронски формат во дигиталната библиотека „е-учебници“ со цел учениците да можат да ги преземат истите на паметни телефони, таблети или компјутери, пишува Порталб.мк. Учениците од прво и второ одделение досега немаа пристап до ниту...

Седум години од вооружениот настан во „Диво Насеље“, вистинските организатори останаа непознати

Вчера се навршија седум години од вооружениот настан во кумановското „Диво Насеље“, кога вооружена група се судри со државните сили на Северна Македонија. Како резултат на тоа, животот го загубија осум полицајци, а 37 други беа повредени, додека од вооружената група загинаа 10 лица. Дополнително, во текот на борбите беа уништени десетици домови, со оглед на тоа што конфликтот...

По штрајкот во образованието – наставниците чекаат плати, општините ја чекаат Владата

Засега не се знае дали на наставниците и воспитувачите ќе им се исплатат плати или дневници за деновите додека штрајкуваа или ќе им бидат исплатени само придонесите. Од Владата велат дека исплатата на плати во случај на штрајк се врши според закон и дека општините треба да постапат според законските прописи. Општините, пак, ја префрлуваат одговорноста на Владата, која,...

Порталб: Ветувањето на Касами за нови паркинзи во Тетово останува неисполнето

Пред да дојде на чело на Општина Тетово, Биљал Касами вети дека за помалку од шест месеци ќе се изградат околу седум катни гаражи од челична конструкција. Но, тоа досега не се случи. На 4 мај навршија шест месеци откако Касами ја презеде функцијата, а Општина Тетово неодамна, поточно на 15 април објави јавен оглас за изградба на затворени...

Се очекува подобрување на Законот за административни службеници за да се елиминира вработувањето на „партиските војници“

Најголемиот дел од вработените во администрацијата се сметаат за „партиски војници“, бидејќи постоеше перцепција дека се вработени во „мајката“ партија, но тоа не е само перцепција, туку и горчлива реалност. Затоа, Европската унија со години ја критикува земјава, потсетувајќи дека вработувањата треба да се вршат врз основа на системот на меритократија, а не со непотизам или други врски. Законот...

Порталб анализа: доаѓа кризен период – новите заеми мора домаќински да се трошат

Новите задолжувања неминовно ќе го зголемат јавниот долг но клучното прашање е за што ќе се трошат парите – за тековни буџетски функции или за капитални инвестиции, пишува Порталб.  Во најава е нов заем од ММФ во износ од околу 900 милиони евра - економистите предупредуваат дека Владата мора стратешки да ги троши парите. Јавниот долг ќе расте ... Следува период на длабока...

Привремени вработувања преку агенции во повеќе општини од Полошкиот регион

Општините Тетово, Гостивар и Боговиње од Полошкиот регион неодамна склучиле договори за привремени вработувања со агенции за вработување. Договорот на Тетово е со највисок износ споредено со останатите две општини. Трите општини демантираат дека ваквите вработувања се партиски, иако привремените вработувања беа критикувани во извештаите на Европската комисија како начин за вработување на „партиски војници“ во институциите, пишува Порталб.мк. Според...

Порталб: Пет месеци по автобуската несреќа во Бугарија, никој во РСМ не презеде кривична одговорност

Поминаа повеќе од 5 месеци од трагичната автобуска несреќа во Бугарија при што животот го загубија 45 лица. Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за причините за несреќата, но Обвинителството во Северна Македонија сѐ уште продолжува со контрола на севкупната работа на компанијата организатор „Беса транс – Скопје“, како и на надлежните институции за контрола на компанијата, пишува Порталб.мк. Никој сѐ...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...