fbpx

Порталб: Тетовските улици полни со дупки, општината во очекување на компанијата што ќе го изврши санирањето

-

Дел од главните и споредните улици во Тетово се во очајна состојба и полни со дупки. Ваквата состојба претставува проблем за слободното движење на граѓаните и уште повеќе го влошува хаосот во сообраќајот. Од општината велат дека од моментот кога ќе има договор со компанија за санирање на улиците, работите ќе почнат да се изведуваат итно, пишува Порталб.мк. 

Во фото галеријата подолу, што ја обезбеди Порталб.мк, може да се видат дел од уништените споредни улички, додека такви слики, за жал, има и на други сообраќајници во Тетово.

Од Општина Тетово соопштија дека за санација на улиците годинава се издвоени околу 300 илјади евра или околу 20 милиони денари. Но, од таму немаат конкретен датум кога овие пари ќе се потрошат, односно кога ќе почне санацијата на дупките или целосната реконструкција на споредните улички.

„Формалните тендерски постапки се поминати, и сега сме во фаза на избор на компаниите кои ќе работат на пополнување на дупките и санирање на улиците. Од моментот кога ќе имаме економски оператор – компанија, која ќе склучи договор со општината, ќе направиме итен оперативен план за итна санација на улиците“, рече Билал Касами, додавајќи дека од следната недела ќе започне реконструкцијата со асфалт на улица 161.

Да потсетиме дека во периодот од декември наваму во градот беа санирани неколку дупки, но проблемот не беше решен. Во моментов се реконструира улицата „Страшо Пинџур“ и булеварот „Благоја Тоска“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...