fbpx
Таг: попис 2021

таг: попис 2021

Контраспин: Пандов удри со клоци по пописот

На веб апликацијата достапна на: popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk, можат да се попишат сите иселеници во странство. Податоците за лицата кои се самопопишале се заштитени и тие ќе бидат декриптирани дури откако ќе заврши пописот. Така што, не се знае од која националност се и како се изјасниле, па не може ни да се тврди дека се само Албанци, пишува...

Заев: Попишувачите ќе бидат дел од приритетните групи за вакцинирање

фото: влада на РСМ
При денешната посета на Делчево, премиерот Зоран Заев посочи дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи кои ќе бидат вакцинирани и дека во следните денови треба да пристигнат и други вакцини, покрај тие од „Астра Зенека“ кои се најавени дека ќе дојдат во недела. „Покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, треба да се вакцинираат и попишувачите, а секако во...

До утрово попишани речиси 150.000 иселеници, Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората на масовно попишување

До утрово во 8 часот, преку веб-апликацијата за самопопишување се евидентирани 148.719 лица од дијаспората што се попишале, информираат од Државниот завод за статистика на нивната веб-страница за пописот. Како и досега, најголем дел од попишаните иселеници од земјава се од Швајцарија, Германија и Италија, а многу помал е бројот на попишани лица во Австралија, Канада и САД. Министерот за...

Од дијаспората се попишале уште 6.600 лица, вкупната бројка изнесува 143.755 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) утринава информираше дека регистрирани се нови 6.600 само попишани лица од дијаспората. Со ова, за 25 дена откако започна пописот, вкупно 143.755 граѓани се попишале преку апликацијата за самопопишување достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk. Од ДЗС велат дека бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот...

Повикот и бојкотот на Пописот е кривично дело, истакнаа од Влада

Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Ова денеска беше истакнато на редовната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, која ја одржаа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика „Тоа е исто...

Досега самопопишани 137.111 македонски државјани од дијаспората

Државниот завод за статистика (ДЗС) утрово соопшти дека досега се попишале 137.111 лица од дијаспората. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани. Од ДЗС ги повикаа иселениците да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата за самопопишување. Во врска со технички проблеми, граѓаните може да се обратат на отворените линии за комуникација достапни...

До утрово попишани 121.520 лица од дијаспората, непрекинато течат подготовките за пописот

Државниот завод за статистика до утрово до 8 часот евидентирал 121.520 лица од дијаспората што се самопопишале преку веб-апликацијата. Бројката на попишани иселеници продолжува да расте, а нивниот број е најголем во европските земји. Лицата кои живеат надвор од земјава ќе можат да се самопопишат преку веб-апликацијата во било кое време во периодот до 21 април. Од Државниот завод за...

Државниот завод за статистика ќе ги добива податоците за новозаболени од ковид-19 преку „Мој термин“

Државниот завод за статистика од следната недела преку системот „Мој термин“ на дневна основа ќе ги добива сите новодијагностицирани случаи по општини, за да може да се планира начинот на нивното попишување, изјави Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција во Влада. Протоколот за пописот, рече таа, интензивно бил подготвуван со Комисијата за заразни болести. Ѓоргиева го...

Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис 2021

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, информираат од Владата. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има...

Самопопишувањето на дијаспората ќе продолжи до 21 април, досега попишани 71.503 лица

Државниот завод за статистика преку апликацијата за самопопишување до утрово, во 8 часот, евидентирал 71.503 лица што се попишале. Бројката на попишани лица од дијаспората секојдневно расте, а за лицата кои живеат надвор од земјава, пописот преку веб-апликацијата непречено ќе трае секојдневно до 21 април. „Според искуството на иселениците, потребни се само 10 минути преку едноставната апликација да се попишат...

Османи: Бројот на попишани во дијаспората надмина 60.000, најмногу во Швајцарија најслабо во Австралија, САД и Канада

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува во дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани кои живеат во дијаспората надмина 60.000, а најмногу попишани има во Швајцарија 16.000, Германија, 10.000, Италија со 6.000. Најмал одзив има во САД, Канада и Австралија, што според Османи, не може да се оцени кои се причините. „Можеби...

Заев не се согласува со одложување на пописот, дијаспората непречено се самопопишува

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека одложувањето на пописот во земјава не е прифатлива опција, бидејќи предложените термини за негово одложување се проблематични. Пописот е предвидено да се спроведе од 1 до 21 април годинава, а опозициските партии од македонскиот блок побараа негово одложување. „Што ако одложиме и за кога да одложиме? Да одложиме за уште 10 години? Само тоа...

Пријавени двојно повеќе кандидати за попишувачи во Штип од потребниот број

На конкурсот за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис во Штип, се пријавиле 266 кандидати за 129 места за попишувачи и 13 инструктори. Уште десет отсто ќе бидат селектирани како резервни попишувачи. Бројката се однесува за општините Штип и Карбинци.   - Во четврток и петок (11 и 12 март) во термините 10, 12 и 14 часот се закажани...

Медиа Плус: Македонска, а не бугарска компанија, ја изработила апликацијата за попис во странство

Неколку македонски дигитални медиуми објавуваат идентичен текст со различни наслови, пишуваат дека интернет платформата преку која од денеска се попишуваат македонските државјани во странство е направена од бугарска фирма, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа. „Скандалозно: Софтвер инжинер открива бугарска врска во македонскиот попис“ и „Има бугарска врска во македонскиот попис: Софтвер инжер со скандалозно откритие“ се насловите на текстовите...

Состојбата со ковид-19 засега не го одлага пописот, до утрово евидентирани 40.397 лица од дијаспората во апликацијата

До утрово во 8:50 часот, вкупно 40.397 лица од дијаспората биле евидентирани во апликацијата за самопопишување на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на самопопишани лица на пописот од ден во ден расте, а од ДЗС информираат дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникација со македонските иселеници. „Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во...

Попис 2021: До утрово, 22.253 лица од дијаспората евидентирани во апликацијата за самопопишување

До утрово во 8 часот, вкупно 22.253 лица биле евидентирани преку апликацијата за самопопишување на Државниот завод за статистика (ДЗС). Дијаспората непречено ја користи апликацијата за самопопишување, а од ДЗС веќе излегоа со предупредување дека секое лице што ќе се обиде да ја злоупотреби апликацијата, вклучувајќи го и внесувањето лажни податоци, ќе биде казнет според законските прописи. Покрај дијаспората, непречено...

Во прифатниот центар во Визбегово тече попишувањето на бездомните лица

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
За бездомните семејства кои се сместени во прифатниот центар во Визбегово во тек е пописната акција која започна на 1 март и ќе трае до 15 овој месец. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска го посетија овој прифатен центар за поддржано живеење. Според Шахпаска, пописот е многу важна,...

Апликацијата за попишување на дијаспората не е пробиена, нормално е да не функционира за граѓаните од земјава

Државниот завод за статистика (ДЗС) како неточни и деструктивни ги оцени серијата на написи во одредени медиуми во врска со пробивањето на веб-апликацијата која што служи за попишување на иселениците во странство. Попишувањето на иселениците започна вчера. Во однос на внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таквата алатка за внес на податоци во Пописот...

Почна пописот, први се попишуваат затворениците, војската, дијаспората, бездомните лица и дипломатите

Затворениците од казнено-поправната установа К'шање во Куманово се првите лица од коишто започна пописот на населението, домаќинствата и становите, кој во земјава се спроведува по речиси две децении. Во наредните две недели ќе се попишат 2.200 осудени и притворени лица во земјава. Пред главната фаза на пописот која што почнува на 1 април, ќе се попишуваат лицата кои за време...

Лицата во конзуларните претставништва во странство и нивните семејства ќе се попишуваат од 1 до 15 март

Бујар Османи
Лицата кои имаат место на живеење во РСМ, а за време на спроведувањето на престојниот попис се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како и членовите на нивните семејства кои се со нив, ќе бидат попишувани  во периодот од 1 март до 15 март 2021 година. Додека самопопишувањето/саморегистрацијата на нерезидентното население, но и сите други државјани кои по...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...