fbpx

Заев: Попишувачите ќе бидат дел од приритетните групи за вакцинирање

-

При денешната посета на Делчево, премиерот Зоран Заев посочи дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи кои ќе бидат вакцинирани и дека во следните денови треба да пристигнат и други вакцини, покрај тие од „Астра Зенека“ кои се најавени дека ќе дојдат во недела.

„Покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, треба да се вакцинираат и попишувачите, а секако во приоретните групи се и полициските службеници, војската. Ќе го следиме тој процес“, изјави Заев.

Тој потсети дека вчера, преку Ковакс системот беше потврдено дека во недела ќе пристигнат 24.000 вакцини „Астра Зенека“, од кои се прима само една доза, што значи дека ќе бидат вакцинирани исто толкав број на граѓани.

„Да ги почитуваме мерките и да внимаваме, иако масовната вакцинација ќе почне, да носиме маски, да има дистанца. Очекувам масовно прифаќање на вакцините. Има предност во тоа што сме земја со задоцнување. Земјите од ЕУ почнаа пред нас и можевме да ги согледаме предностите и слабостите. Колку поскоро се вакцинираме, толку поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија“, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...