fbpx

Во прифатниот центар во Визбегово тече попишувањето на бездомните лица

-

За бездомните семејства кои се сместени во прифатниот центар во Визбегово во тек е пописната акција која започна на 1 март и ќе трае до 15 овој месец. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска го посетија овој прифатен центар за поддржано живеење.

Според Шахпаска, пописот е многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција и врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните. Таа посочи дека МТСП ги регрутира прашањата кои се однесуваат на пензионерите, работниците, ранливите категории на граѓани, децата.

„Согласно податоците добиени за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, детски градинки, а за ранливите категории и за невработените ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд“, потенцираше Шахпаска.

Симовски информираше за започнатиот процес на претпопишување за казнено –поправните установи, бездомните лица, ангажираните во Армијата, дипломатско- конзуларни претставништа и претставниците во меѓународните институции, како и за самопопишувањето на оние кои престојуваат во странство.

Тој апелираше до сите граѓани, да земат активно учество во пописот со цел негово успешно реализирање, што е значајно за планирање на подобра иднина за сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...