Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19. Со тоа, бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава се искачи на 9.203, од кои 4.145 случаи се регистрирани во Скопје.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во изминатово деноноќие се регистрирани нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г, 74г, 68г, 65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, а на починати е 3.156 лица.