fbpx
Таг: Petre Shilegov

таг: Petre Shilegov

Почна изградбата на улица Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

Денеска Град Скопје започна со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот...

Се одбележуваат 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Со изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ во организација на Музеј на град Скопје, се одбележа 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови. Изложбата се одржа во Градскиот парк, а пред присутните се обрати градоначалникот Петре Шилегов. - Уште првите денови светската...

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов позитивен на корона вирусот

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својата Фејсбук-страница попладнево објави дека е позитивен на корона вирусот. Вели дека се надева оти вирусот не го пренел никому, а состојбата засега му е таква што не треба да биде в болница. „Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и...

Кривична пријава за тепачите од Вардариште, Шилегов очекува полицијата да почне да си ја врши работата

„Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање придонесува за анархија чијшто резултат е она што вчера се случи со двајцата инспектори, од кои едниот е во тешка здравствена состојба“, изјави денеска Петре Шилегов градоначалник на Скопје, прашан да го искоментира тоа што инспекторите на Град Скопје континуирано...

Помали фирмарини, поволни комуналии и кирии, Луна паркот за догодина: Кризни мерки на Град Скопје

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница под ведро небо усвои неколку одлуки како сет на мерки за олеснување на економската состојба на граѓаните во време на епидемијата на корона-вирусот. Без дискусија и во рекордно време, Советот усвои повеќе одлуки меѓу кои и одлуката со која комуналната такса за закуп на јавен простор се намалува од 15 на...

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Нема да дозволиме парите за пошумување да одат за „разубавување“

Град Скопје за годинава најавува пошумување на Водно со парите кои ги доби од Македонски енергетски ресурси - МЕР како компензација за уништеното зеленило поради изградбата на гасоводот преку парк-шумата и од Владата доби обврска да го спроведе. Сепак, оттаму не прецизираат ниту кога ќе почне пошумувањето ниту пак колку точно дрвја и на кои локации ќе се садат. Но,...

Шилегов: Инверторите стартуваат наскоро, аплицирањето или електронски или по стандардна процедура  

Град Скопје привршува со подготовките околу објавувањето на огласот за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертори како замена за нееколошките начини на загревање на домаќинствата, но нема прецизна информација кога конечно ќе заврши постапката. „При крај сме со постапката за огласот за инверторите. Потребно е да се усогласиме уште само со Министерството за информатичко општество околу нивното барање да...

Изградбата на новиот мост над Вардар во Аеродром почнува утре

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, придружуван од градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на Гази Баба, Борче Георгиевски, и на Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид на градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ и најави дека утре ќе почне изградбата на нов мост, во продолжение на булеварот. - Општините Аеродром, Гази Баба и Центар за помалку од две години ќе бидат...

Шилегов: Уживам да гледам како структури од бившиот режим кои не си ја завршиле работата се препелкаат за да се извадат

Целосно е неприфатливо и неодговорно однесувањето на двете клучни институции во случајот медицински отпад од „Еко клуб 95“ и, да се прашувам јас, тие луѓе не би биле ниту јавен обвинител, ниту државен инспектор, беше реакцијата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција за ставот на Јавното Обвинителство и на Државниот Инспекторат дека Градскиот Инспекторат не постапувал правилно...

Шилегов два месеца знаел за случајот со „Еко клуб 95“, но чекал на Јавното обвинителство

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес го обелодени случајот со непрописното постапување со медицинскиот отпад на фирма од Битола со погон за преработка во кругот на некогашен МЗТ, за кој, како што самиот кажа дека е „скандал со ужасна содржина која треба да го вклучи алармот на другите институции“. Тој пред новинарите денес со слики и видео документираше случај за крајно...

Градот ќе именува нов директор на „Дрисла“ – кривична одговорост за стариот, ако имало криминал

Градот не ја отфрла можноста за поднесување на кривични пријави доколку се докаже дека имало незаконито работење и постапување со отпадот на градската депонија „Дрисла“, изјави денес првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов на прашањето што доколку вмешаноста на досегашниот директор на скопската депонија, Горан Ангелов, во аферата со нелегален увоз на отпад во соседна Бугарија била поврзана...

Градот му ја чисти депонијата под Кале на новиот сопственик

Откако пред повеќе од еден месец беше извршена дислокација на лицата сместении во дивата населба под Кале, каде имаше чести инциденти на палење кабли и друг вид на отпад, Град Скопје започна со расчистување на просторот со градежна механизација. Денес на тоа место работеа неколку кипери и еден багер, кој го утоваруваше сметот. „Веќе втор ден ја расчистуваме локацијава со...

Шилегов го разреши директорот, „Дрисла“ повторно сопственост на Градот

Град Скопје ја враќа во свои раце најголемата депонија во државата „Дрисла“, објави денес скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. „Со запишување во Централниот регистар завршува деветгодишната аваантура на ВМРО ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет бил даден на несоодветен таканаречен партнер на градот“, истакна Шилегов на денешната прес-конференција. Тој најави дека утре ќе го разреши досегашниот директор на депонијата Горан Ангелов,...

Шилегов ја разреши директорката на гимназијата „Никола Карев“ (видео)

Градоначалникот Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, а по објавената снимка каде Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици ако излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување. „Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да...

Градот сака зиплајн на Водно, екологистите бараат дрвја и зеленило

Градот вчера пред претставници на граѓанските здруженија и на планинарски и велосипедски клубови ја презентираше Студијата за Водно како туристичко-рекреативен центар, изработена од експерти од Словенија и Австрија, со која се предвидуваат спортско-рекреативни содржини на падините на планината. Со оваа студија Градот ги најави намерите за зголемување на комерцијалниот ефект од зголемената посетеност на Водно преку збогатување на понудата за...

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Шилегов парите за дочекот да ги донира во хумани цели

Групата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бара градоначалникот Шилегов 100.00-те евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели. Тие прашаа и зошто се трошат 300.000 евра за украсување на градот, кога воздухот во него е енормно загаден. „Во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите кои обезбедија сто илјади евра...

Отворен Зелениот покрив на ГТЦ, мини-парк на 1.800 квадрати

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, и директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски денеска официјално го пуштија во употреба зелениот покрив на Градскиот трговски центар, каде граѓаните во текот на работното време на објектот ќе може да се релаксираат и да се забавуваат. На вкупно 1.800 квадратни метри на просторот...

Шилегов ќе го разубавува Водно да биде атрактивно, екологистите се против урбанизацијата

Доколку биде усвоена Студијата за ревалоризација на Водно, следниот чекор е Владата да донесе одлука за прогласување на оваа планина за заштитено подрачје во склад со препораките на експертите и тоа би можело да биде направено пред Владата да и отстапи место на техничка влада во пресрет на најавените параламентарни избори. Ова беше кажано на денешната втора по ред...

„Го сакам Водно“: Нема да дозволиме да го уништат Водно поради бизнис игри и интереси

Денес во Град Скопје ќе се оддржи втора јавна расправа за Студија за валоризација на природните вредности на планината Водно, три месеца откако на претходната оваа студија, подготвувана од Градот и од УНДП беше дочекана на нож од граѓанските еколошки здруженија како и од дел од стручната јавност поради што се предлага низок степен на заштита на парк-шумата, а...

Гасоводниот прстен околу Скопје е завршен, но гасот до граѓаните ќе стигне 2021 година

Во текот на минатата година ја завршивме секундарната мрежа, односно гасоводниот прстен околу Скопје, со цевката го преминавме дури и Вардар, од Карпош 4 кон Влае, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ што се одржуваше во хотелот „Холидеј ин“. За Градот Скопје, додаде Шилегов, важно...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...