петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Petre Shilegov | 74 резултати

Се урива една од трите „галии“ во Вардар, дел од проектот Скопје 2014 (фото)

септември 18, 2021

Еден месец пред локалните избори, на истекот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се пофали на Фејсбук дека урива една од трите „галии“ во реката Вардар кои беа дел од мегаломанскиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“. „Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата“, напиша градоначалникот на Скопје, […]

Вистиномер: Мостот меѓу Карпош 4 и Злокуќани допрва треба да се гради

август 17, 2021

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за нов мост на Вардар. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Љубљанска преку Вардар, нов мост за Карпош и Скопје! Отвораме директен пристап на карпошани до идниот клинички центар и Бардовци. Ја продолжуваме „Љубљанска“ со мост преку Вардар и ја спојуваме со улицата […]

Вистиномер: Не се гледа „светлина“ за ветениот тунел под Кале

август 4, 2021

„Вистиномер“ го анализираше изборното ветување на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за тунел со улица под Кале, односно „Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“ и го оквалификува како неисполнето. Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“: Ветување: […]

Вистиномер: Не се случи ветеното заживување на езерото Треска

јули 31, 2021

Ветување: ИЗЛЕТНИЧКИ ЦЕНТАР „ТРЕСКА“ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ! Езерото „Треска“ е изградено со самопридонес на граѓаните на Скопје, а во моментов, просторот е запоставен и руиниран. Со неговото враќање во надлежност на градот и со негова ревитализација, Скопје и скопјани добиваат излетничко место за одмор, култура, забава, за кампување и разладување во летните денови. Ревитализацијата на комплексот […]

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година

јули 26, 2021

Со предавања, концерти, изложби, полагање на свежи цвеќиња, крводарителска акција и серија од други активности македонскиот главен град денеска одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди на 26 јули 1963 година. На овој ден, природната катастрофа која го погоди Скопје однесе 1.070 човечки животи, дополнително беа повредени најмалку 3.000 лица, а околу 200.000 […]

Град Скопје најавува нов мост помеѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

јули 11, 2021

Градоначалникот Петре Шилегов го потпиша договорот со Владата и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош, информираат од Град Скопје. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година. „Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на […]

Заев: Како резултат на заедничката акција на сите, годинава не разговаравме за загаден воздух

јуни 5, 2021

Како резултат на активностите на проектот „Акцискиот план – Скопје зелен град“, и на низата други значајни сеопфатни проекти, оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на ПМ-честички, изјави премиерот Зоран Заев кој беше дел од активноста што ја организираше Град […]

Шилегов бара Антикорупциска да ја провери набавката на противпожарното возило, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за корупција

мај 4, 2021

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска се обрати до Државната комисија за спречување на корупцијата, од која бара да ги испита сомнежите за постоење корупција и судир на интереси, при реализација на набавката на специјализираното возило – противпожарна скала, единствена опрема од ваков тип на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Со барањето до […]

Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ денеска одбележува 76 години постоење

април 7, 2021

Денеска по повод одбележувањето 76 години постоење на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го посети училиштето во присуство на директорката, Маја Салиу. „Во изминативе три години овде, во ова средно училиште, има инвестирано вкупно 54 милиони денари – ги обновивме во целост подовите, вратите на училниците, надворешната столарија, целосно […]

Шилегов смета дека инспекциските акции го расчистија воздухот во Скопје, екологистите велат најзаслужни се ветерот и сонцето

февруари 26, 2021

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска се пофали дека воздухот во главниот град се подобрува откако е тој на власт, а годинава бил три пати поквалитетен, што според него е резултат на интензивното работење на инспекциските служби и акциите кои ги спроведува Градот. Но, екологистите не се согласуваат, тврдејќи дека ветерот и сонцето имаат голема […]

„Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“ повторно ќе бидат имиња на улици во Скопје

февруари 24, 2021

Советот на Град Скопје вчера ја усвои листата на имиња на улиците во главниот град, кои предлози се од претходно спроведена онлајн анкета на граѓаните во летото 2019 година, како и од други доставени иницијативи. „Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка се враќаат во нашето Скопје“ напиша синоќа […]

Град Скопје најави враќање на старите имиња на дел од скопските улици

февруари 17, 2021

Постоечкиот регистар на имињата на улици, плоштади, мостови, и други ифраструктурни објекти во Скопје, е дополнет со нови 571 имиња, соопштија од Град Скопје. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни личности и настани од македонската и од светската историја и друго. „Од вкупно 571 име, […]

Реконструиран булеварот „8 Септември“, завршува сезоната на реконструкциите во Скопје

ноември 14, 2020

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница, соопшти градската управа. На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на […]

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

септември 25, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје. – Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, […]

Град Скопје разгледува три опции во врска со Универзална сала

август 25, 2020

Денеска во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во организација на Град Скопје и присуство на Петре Шилегов, претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот и архитектурата, како и претставници на организатори на фестивали и културни манифестации разговараа за моменталната состојба во која се наоѓа Универзалната сала, за […]

Наградени 32 првенци на генерацијата од скопските средни училишта

август 25, 2020

Триесет и двајца матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта, денеска добија специјални признанија и парични награди, кои им ги додели градоначалникот Петре Шилегов на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли Ан. Тој им посака нивните соништа да ги […]

Почна изградбата на улица Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

август 20, 2020

Денеска Град Скопје започна со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири […]

Се одбележуваат 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

јули 26, 2020

Со изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ во организација на Музеј на град Скопје, се одбележа 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови. Изложбата се одржа во Градскиот парк, а пред присутните се обрати градоначалникот Петре […]

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов позитивен на корона вирусот

јуни 20, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својата Фејсбук-страница попладнево објави дека е позитивен на корона вирусот. Вели дека се надева оти вирусот не го пренел никому, а состојбата засега му е таква што не треба да биде в болница. „Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја […]

Кривична пријава за тепачите од Вардариште, Шилегов очекува полицијата да почне да си ја врши работата

мај 12, 2020

„Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање придонесува за анархија чијшто резултат е она што вчера се случи со двајцата инспектори, од кои едниот е во тешка здравствена состојба“, изјави денеска Петре Шилегов градоначалник на Скопје, прашан да го искоментира тоа што инспекторите […]

Страна 1 од 4