fbpx

Реконструиран булеварот „8 Септември“, завршува сезоната на реконструкциите во Скопје

-

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница, соопшти градската управа.

На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

– Овој булевар е еден од најискористените во општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби. Пред две години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“. Годинава ја продолживме оваа велосипедска патека од надвозникот до улицата Скупи и на тој начин го довршивме т.н. Конектор 5 кој ги поврзува трите главни велосипедски рути, на булеварите Илинден, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, и патеката по кејот на Вардар во вкупна должина од два километра. Булеварот ќе добие и нов дрворед – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Тој ги најави следните планирани проекти за реконструкција на сообраќајници.

– Не застануваме тука, продолжуваме со изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...