fbpx

Опожарен автомобил на сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

-

На улицата Петре Пирузе во Скопје ноќеска настанал пожар во автомобил „ауди“, во сопственост на правно лице, соопшти МВР за „Мета“, појаснувајќи дека од пожарот зафатени биле и автомобили „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друго лице.

Всушност, прв опожарен бил автомобилот што го возела сопругата на поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, потврди тој во медиумите. Од пожарот посилно бил зафатен „пасатот“ на соседот на семејството Шилегови.

И додека од МВР велат дека е извршен увид и се работи на расчистување на случајот, самиот Шилегов во изјава за медиумите појасни дека нема индиции дали некој стои зад пожарот и дека тој и неговата сопруга биле изненадени од пожарот.

Пријавата во МВР била примена во 3.20 часот рано утрово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....