fbpx
Таг: Petre Shilegov

таг: Petre Shilegov

Шилегов: За демолирањето на „Зелениот покрив“ на ГТЦ ќе бараме притвор за сторителот

По објавените снимки од страна на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов од демолирањето на „Зелениот покрив“, тој изјави дека по завршувањето на процената на штетата, Градот Скопје ќе достави пријава до МВР и ќе се бара притвор за сторителот. „Во текот на изминатата ноќ на покривот на Градскиот трговски центар, онаму каде што Градот Скопје инвестира за подигнување „Зелен...

Шилегов објави видео од лицето кое го демолираше „Зелениот покрив“ на ГТЦ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објави видео од демолирање на „Зелениот покрив“ на Градскиот трговски центар. „Демолиран зелениот кров на ГТЦ! Но, ние нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде, сакал некој или не!“, напиша Шилегов на неговиот фејсбук-профил. Проектот за „Зелениот покрив“ ќе зафати површина од 1.600 квадратни метри, што е дел од површината на целиот...

Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на големата акција на чистење на општините

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските...

Реконструкцијата на Партизанска ќе заврши викендов

Булеварот Партизански одреди е главна сообраќајна артерија, а ние завршуваме со нејзината реконструкција во потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до мостот Обединети нации за помалку од месец дена, информираше денес на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. „Токму овој потег беше во очајна состојба, со оштетен коловозник и претставуваше вистинска опасност. Очекувам до крајот на овој викенд во целост...

Сотировски: Не ни кажаа дека Градот нема ингеренции да ги ослободи сите заробени дрвја кога го потпишавме меморандумот

Во јануари годинава скопскиот градоначалник Петре Шилегов и деканот на Шумарски факултет при ПМФ во Скопје, Кирил Сотировски потпишаа меморандум со кој Градот се обврзува да ослободи над 800 дрвја, заробени во бетон и асфалт низ скопските улици, а Факултетот да ја даде потребната стручна помош. Јавноста тогаш дозна дека во Скопје има стотици дрвја, скапоцени „фабрики за кислород“...

По осум месеци од поставувањето на скелињата, почнаa работите на фасадата на „Цветан Димов“

По осум месеци од монтирањето на скелињата околу средното училиште „Цветан Димов“, ветената реконструкција на објектот во Чаир, почна дури вчера. Почетокот на работите го објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пренесува „Порталб“. Шилегов рече дека фасадата ќе има посебен визуелен стил, во кој доминира стакло. -Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно...

Градски парк 2 ќе се гради на местото на расчистената дива депонија во Карпош

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови. - Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се...

Град Скопје сè уште тактизира околу субвенционирањето на печки на пелети

Грејната сезона веќе почна, а Градот Скопје сè уште не го објавил вториот повик за субвенционирањето на купувањето печки на пелети за заинтересираните граѓани. Огласот требаше да биде објавен пред почетокот на сезоната на греењето, како втор годинава, откако на Совет на Град Скопје не помина обидот на градоначалникот Петре Шилегов во ребалансот на градскиот буџет да го „протне“...

„Го сакам Водно“ и власта не се договорија околу гасоводот

Претставниците на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно и на власта – заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, не успеаја да најдат заеднички јазик околу спорната траса на гасоводната делница 5, Скопје-Тетово-Гостивар, преку Водно. Тие ги вкрстија аргументите на јавната дебата  на тема „Гасовод преку Водно“ што, поради симболика,...

ЈСП и Град Скопје ќе купуваат 30-тина нови автобуси на гас

Од идната година по скопските улици ќе возат 30-ина нови автобуси на гас, соопштија на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков. За купување на автобусите, ЈСП ќе зема кредит, а тендерот ќе биде распишан наесен, додека до крајот на годината би требало да биде потпишан договорот со избраниот добавувач, појасни Шилегов. - ЈСП Скопје донесе...

Град Скопје и Министерство за култура заеднички ќе ја градат новата Универзална сала

Се очекува во 2019 година да почне изградбата на нов објект на Универзална сала на местото на сегашната. Финансирањето ќе биде заедничко на Министерството за култура и на Град Скопје, за што првите луѓе на овие институции, министерот Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов потпишаа писмо за намери. – За жал, нашата метропола, поради состојбата во која се наоѓа...

Електричен автобус ќе сообраќа шест месеци на линијата „15“ во Скопје

Новиот електричен автобус, за кој Град Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со израелската компанија „Чериот Моторс“ за пробно користење, од денеска во наредните шест месеци ќе сообраќа на линијата „15“. - Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен...

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. Фасадата на Сити Галери...

Шилегов и Каминис потпишаа договор за соработка на Скопје и Атина

Договор за соработка помеѓу градовите Скопје и Атина потпишаа денеска во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис. - Со потпишувањето на овој договор, со Атина ќе разменуваме информации, искуства и добри практики и ќе негуваме соработка во разни области на работа и надлежности, како што се: градска администрација и управување...

Шилегов: Не значи дека е крај на светот, ако ги сменивме партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје на новинарско прашање рече дека тоа што во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија за членови се избрани лица кои се партиски кадри на СДСМ, не значи дека е крај на светот. - Станува збор за тргање на партиските кадри од управните и надзорните одбори...

ВМРО-ДПМНЕ: Да се гради Универзална сала, а не да се фрлат 8 милиони евра за уривање на галиите

Скопскиот градоначалник Коце Шилегов не сака да даде пари за реконструкцијата на Универзална сала, но затоа е подготвен да даде 8 милиони евра за рушење на галиите, за кои не се потрошени ниту евро народни пари, рече на прес-конференција Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. - Со ова непромислено трошење на 8 милиони евра за рушење...

Скопје ќе добие електричен автобус

Градот Скопје денеска потпиша договор со израелската компанија „Чериот моторс“ за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица Димитрие Чуповски, булевар...

Шилегов на изборен митинг на ДС од Србија со поддршка за Шутановац

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов вечерва се обрати на првата конвенција за изборите за Град Белград на коалицијата „Да го ослободиме Белград“ предводена од Демократската странка (ДС) од Србија, сестринска партија на СДСМ. Тој даде поддршка на претседателот на ДС и кандидат за градоначалник на Град Белград, Драган Шутановац. -Кога ја започнавме нашата...

Почна расчистувањето на насипите во Вардар кај галиите

Град Скопје денеска почна со расчистување на насипите и градежниот материјал во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје, односно меѓу мостот Гоце Делчев и Камениот мост. Активностите се со цел да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд. - Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста на водата, а со тоа...

Шилегов подари 20.000 денари на првото бебе родено во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје“ го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2018 година. Првороденото бебе во Скопје во 2018 година е Теодора, која се родила една минута по полноќ, со тежина од 3,7 килограми...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...