Наградени 32 првенци на генерацијата од скопските средни училишта

Петре Шилегов и Самоуел Жбогар со најуспешните студенти во Курлумли ан / Фото: Град Скопје

Триесет и двајца матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта, денеска добија специјални признанија и парични награди, кои им ги додели градоначалникот Петре Шилегов на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли Ан. Тој им посака нивните соништа да ги реализираат во државата и истите да бидат врзани со нашата земја.

„Вие во многу блиска иднина ќе бидете моторот на општеството, на градот и на државата, ќе бидете оние кои ќе треба да ги менуваат работите. Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете пред се луѓе. Само човек што има знаење и личен интегритет е човек што ги движи и менува работите“ им порача на матурантите градоначалникот Шилегов.

На денешното доделување на признанијата на матурантите – првенци присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој им честита на учениците на постигнатиот успех, на нивните родители, но и на професорите кои ги поддржале и помогнале да се надгради нивниот талент.

Матуранти добитници на годинешните награди и признанија се: Ана Марија Атанасовска, Давид Стојкоски, Теодора Поповиќ, Коста Аризанов, Ивана Стојановска, Стефан Митиќ, Лиле Стефановска, Анастасија Накова, Кадире Бајрами, Ајсер Синани, Никола Иванчов, Јована Николоска, Лука Тасевски, Филип Николоски, Викторија Младеновска, Рина Османи, Исра Зеќири, Бисера Шегмановиќ, Никола Јовановски, Викторија Филипова, Борјан Јовановски, Ердуан Дуроски, Борче Данчевски, Емеле Мемиши, Љејла Биљаљи, Ангела Несторовска, Александар Мишовски, Аделиса Арифи, Атин Неџиповиќ, Арзије Исмаиловска, Сара Идар, Александар Симоновски.

Инаку, трационалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ е под покровителство на градоначалникот Петре Шилегов и во организација на Дирекцијата за култура и уметност, а е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја. Преку неа, Градот Скопје секоја година го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта и на тој начин им оддава јавно признание за постигнатите резултати.