fbpx

Град Скопје најавува нов мост помеѓу населбите Карпош 4 и Злокуќани

-

Градоначалникот Петре Шилегов го потпиша договорот со Владата и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош, информираат од Град Скопје. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година.

„Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на метежот е еден од приоритетите на градот. Токму затоа, покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, се започнува со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Со изградбата на овој мост ќе се поврзат улицата Љубљанска и бул. Илинден со улица Скупи во Општина Карпош. Мостот е предвидено да има 4 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри додека должината на самиот мост изнесува 113 метри,“ информираат од Град Скопје.

Договорот е потпишан во согласност со одлуката на Владата за прераспределба на средствата од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип во вкупен износ од 35 милиони евра со кои почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 единици на локалната самоуправа низ државата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...