fbpx
Таг: Petre Shilegov

таг: Petre Shilegov

Од утре, секој викенд на Водно без автомобили

Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе викендов, соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Според планот, забраната ќе биде од 9 до 16 часот, а ќе важи од клучката за Сопиште и од манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила за време на викендите и на државните празници, а се однесува на сите...

Скопје ја откажа новогодишната програма, средствата ќе ги донира

Град Скопје се откажува од организирање новогодишна прослава, што ќе биде втора година по ред да се прави тоа, а планираните пари ќе се подарат на Клиниката за белодробни заболувања, соопшти градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје. На расправата за првичните мерки за загадувањето, Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на...

Шилегов: Раката да ми се исуши ако потпишам за фасадата на „Пелагонија“

Парите за барокните фасади ќе се пренаменат за енергетски фасади на средните училишта, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната седница на Советот на Град Скопје, извести „Сакам да кажам“. - Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра. Се трошеле милиони евра за фасади. „НАМА“ ги чини граѓаните 2,3 милиони...

Им престана мандатот на пратениците што станаа градоначалници

Во експресното прво продолжение на 18. седница, прва по долгата пауза поради локалните избори, Собранието денеска констатираше дека им престанал мандатот на пратениците што беа избрани за градоначалници во првиот круг на локалните избори, односно на Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Максим Димитриевски и Коста Јаневски, но и на Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибрахими од Беса, кои...

Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

Според неофицијалните информации на веб-страницата на ДИК, од преброените гласачки ливчиња од 657 избирачки места од вкупно 685 во Скопје, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, оствари победа во првиот круг, со речиси 135.000 гласови, наспроти малку повеќе од 96.000 на неговиот противкандидат, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изминатите два мандати беше на чело на главниот град. Според членот...

Заев: Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје

Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје и во скопските општини, порача денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од форумот со граѓаните во Центар, организиран пред Универзална сала во Скопје. Тој кажа дека главната работа што мора ја прави власта е да ги слуша граѓаните. - Иднината на Скопје е град што поврзува, современа метропола на Република...

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник што во местото Три...

По бурната и тензична расправија, Џафери закажа саботно продолжение на собраниската седница

Минута по 22 часот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 6-тата седница, на која се расправа за разрешување на Jавниот обвинител Марко Зврлевски, и го закажа следното нејзино продолжение за утре во 12 часот. За разлика од тензичната атмосфера меѓу 19 и 20 часот, кога првин пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата и бараа пауза, по што уследи ...

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија. Прашан дали е можна соработка во општина Кичево со ВМРО-ДПМНЕ,...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги штити Зврлевски и криминалот

„ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да ги штити Марко Зврлевски и криминалот во оваа земја. За жал, пратениците на оваа партија се инструментализирани и преку обид да направат целосна блокада на Собранието, дејствуваат всушност единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство“, порача на прес-конференција во Собранието на Република Македонија пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. - Ние сме свесни дека раководството...

За ВМРО-ДПМНЕ програмата на владата била „памфлет“ и „бајка“

Со остри расправии, реплики и со контрареплики помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ продолжи пладневниот дел од вториот ден од седницата во Собранието за избор на новата влада. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека програмата на владата предложена од мандатарот Зоран Заев е „обичен памфлет“ и „бајка“, дека изобилува со популистички ветувања во делот на економијата, како и тоа дека не...

Шилегов: Не планираме прослава, нема потреба од триумфализам, нè чека сериозна работа

„Не организираме официјална прослава. Нема потреба од триумфализам. Македонија е во тешка состојба и ја чека сериозна работа од наша страна за да ја оправиме државата. Ние не сме триумфалисти, оти си ја сакаме државата“, одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашањето дали партијата организира прослава, откако нејзиниот лидер го доби мандатот да формира влада. Во јавноста попладнево се...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги тужи Шилегов и СДСМ поради кривичните пријави за министрите

ВМРО-ДПМНЕ попладнево најави дека против Петре Шилегов и СДСМ ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување, откако портпаролот на СДСМ објави дека партијата ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Партијата вели дека според Уставот, владата на која ѝ престанал...

Според имотниот лист, Груевски од премиерска плата заштедил 230.000 евра и купил 33 слики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има заштеди од околу 230.000 евра, околу 5.000 евра долг на кредитна картичка и 33 уметнички слики вредни речиси 11.000 евра. Тоа го покажуваа анкетниот лист за имотната состојба што тој го поднел како новоизбран пратеник, кој беше објавен денеска на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Парите што тој ги пријавил како...

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...