fbpx

Отворен Зелениот покрив на ГТЦ, мини-парк на 1.800 квадрати

-

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, и директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски денеска официјално го пуштија во употреба зелениот покрив на Градскиот трговски центар, каде граѓаните во текот на работното време на објектот ќе може да се релаксираат и да се забавуваат.

На вкупно 1.800 квадратни метри на просторот што гледа кон Плоштадот Македонија засадени се 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници, односно вкупно некаде околу 3.600 корења.

Пооставени се и неколку фонтани и базени, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Според скопскиот градоначалник, зеленилото на дел од покривот на ГТЦ е дел од големата заложба за враќање на зеленилото во центарот на градот.

– Го враќаме зеленилото интензивно во Малиот ринг, каде во лудилото на проектот „Скопје 2014“ преку 70 отсто беше исечено. Спремни сме да поддржиме други вакви иницијативи, немаме алтернатива во борбата за здрава, чиста животна средина. Kонечно го ставаме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор којшто сум убеден дека полека ќе си го заземе своето место во таканаречените скопски приказни и дека тука ќе се раѓаат многу убави спомени за нашите сограѓани. A од друга страна да овозможиме во рамки на проектот којшто го работиме со УНДП, таканаречен термален остров, значително да се намалат температурите во Малиот ринг. Покривот каков што е зрачи повеќе топлина, според истражувањата којшто ги имаме направено јас очекувам дека температурата овде ќе биде од 16 до 22 Целзиусови степени, односно пониски од порано – рече Шилегов.

Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации рече дека при термалното мапирање на градот, што го спровело УНДП, утвдено е дека зградата на ГТЦ е една од најтоплите урбани точки во центарот на Скопје, со околу девет степени повисока температура од плоштадот на градот.

– Зелениот покрив ќе ја намали температурата на покривот, но и во околината на ГТЦ и ќе го подобри квалитетот на урбаното живеење и здравиот соживот на жителите на градот со природата. Се надевам дека зелениот покрив на ГТЦ ќе биде пример и ќе стане вообичаена пракса за јавните објекти, особено во центарот на градот. Тоа би бил добар одговор на заканите од екстремни временски услови, топлотните бранови, кои, како последица на климатските промени имаат сериозно влијание врз главниот град – изјави Сахакјан.

Проектот за изградба на Зелениот покрив на ГТЦ е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 36 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...