fbpx

Шилегов: Уживам да гледам како структури од бившиот режим кои не си ја завршиле работата се препелкаат за да се извадат

-

Целосно е неприфатливо и неодговорно однесувањето на двете клучни институции во случајот медицински отпад од „Еко клуб 95“ и, да се прашувам јас, тие луѓе не би биле ниту јавен обвинител, ниту државен инспектор, беше реакцијата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција за ставот на Јавното Обвинителство и на Државниот Инспекторат дека Градскиот Инспекторат не постапувал правилно во овој случај.

„Несфатливо е обвинителот да чека 50 дена за да постапи по пријавата доставена од страна на Градскиот инспектор за животна средина, Мирослав Богдановски и не е вистина дека тој не ги дал на увид снимките од вонредниот и ненајавен надзор што го направил на 10 декември во погонот за преработка на медицински отпад на фирмата „Еко клуб 95“, категоричен е првиот човек на Град Скопје, повикувајќи ги новинарите да истражат чија сопруга била обвинителката во случајот „Еко клуб“.

За Шилегов „очигледно се работи за структури од бившиот режим“ и дека тој „ужива да ги гледа надлежните кои не си ја завршиле работата како што треба, како се препелкаат за да се извадат“.

Основното јавно обвинителство Скопје денес со соопштение ја информираше јавноста дека кривичната пријава во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Еко клуб“ од Битола на записник Главниот инспектор во Град Скопје ја поднел три дена откако го забележал настанот и дека при поднесувањето на пријавата, подносителот не достави материјални докази, а за настанот не е приложена ниту службена белешка, ниту записник за констатирани неправилности од страна на подносителот-инспектор. ЈО исто така соопшти дека надлежниот јавен обвинител денеска до СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал издал наредба од мобилниот телефон на Главниот инспектор во Град Скопје да бидат издвоени видеоматеријалите што тој ги снимил со цел овие материјали да бидат обезбедени на законит начин.

„Случајот е пријавен на 13 декември, веднаш откако јас се вратив од службен пат и го задоложив Богдановски да го пријави. На обвинителката и биле дадени на увид снимките направени од нашиот инспектор, а таа веднаш повикала полиција и дала налог за истрага и увид на лице место“, рече Шилегов.

Според скопскиот градоначалник, увид бил направен, но дури откако Државниот инспекторат за животна средина извршил вонреден инспекциски надзор во „Еко клуб“, а фирмата претходно некој ја известил за тоа, па погонот бил расчистен, ситуацијата на лице место сменета, а наодот на државните инспектори бил дека – сè е во  најдобар ред. За вака затечената состојба, ДИЖС му издава соодветен документ на „Еко клуб 95“.

Во соопштението на ЈО, меѓутоа, стои дека веднаш, истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител издал наредба до СВР Скопје да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата.

Од направените проверки од СВР Скопје и од досега обезбедените писмени докази, Обвинителството во предистражна постапка утврди определени факти од значење за пријавениот настан. За целосно утврдување на фактичката состојба, Обвинителството ја продолжува предистражната постапка се вели натаму во соопштението на Јавното Обвинителство, во рамките на која на ДИЖС му било издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција била издадена наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект.

Пред новинарите денес скопскиот градоначалник ги изнесе и цената за услугата собирање и транспорт на медицински отпад  која „Еко клуб 95“ ја наплатувал од медицинските установи од кои го подигал и која изнесувала околу 500 денари по килограм подигнат отпад.

„Ако земете предвид дека потоа фирмат плаќала само по 680 денари, но за еден тон доставен отпад во депонијата Дрисла“, ќе видите каков бил есапот и профитот кој се остварувал во тој бизнис, рече Шилегов.

Инаку, управител на компанијата „Еко клуб 95“ до 1 јули 2019 година бил Сашо Јакимовски, во јавноста познат и како почесен конзул на Република Унгарија во државава, додека по тој датум со фирмата управува лицето Том Верекен, Белгиец, додека мнозински сопственик сега е фирмата „Ремондис“. Јакимовски во изјава за „Мета.мк“ тврдеше дека, додека тој бил управител, може одговорно да тврди дека компанијата работела беспрекорно и ги запазувала стандардите.

На оградата на погонот на некогашен „Еко клуб 95“ стојат табли на кои се испечатени дозволите за собирање, транспорт но и депонирање на опасен медицински отпад, изддени од Министерството за животна средина. „Еко клуб 95“ е носител и на А инегрирана еколошка дозвола и неговото работење е овластен да го контролира ДИЖС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...