петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: медицински отпад | 14 резултати

„Дрисла“ набави стерилизатор за третман на медицински отпад

јуни 24, 2020

Скопската депонија „Дрисла“ купи нов стерилизатор за третман на медицински отпад кој во иднина, наместо да се согорува во инсенератор како досега, ќе се стерилизира и депонира како комунален отпад. Стерилизаторот е од италијанската марка ЦИСА, работи на иновативен, целосно автоматизиран систем, со висока технологија и има капацитет од 2.000 литри, односно за еден час […]

Медицинскиот отпад во „Дрисла“ нема веќе да се гори, туку ќе се стерилизира

април 30, 2020

Медицинскиот отпад од целата земја ќе се третира во депонијата „Дрисла“ во нов стерилизатор-аутоклав, набавен од Италија. Нов инсенератор нема да се купува, а постоечкиот ќе се користи само за горење документација. Капацитетот на стерилизаторот е 2.000 литри на час и ќе ги задоволи потребите за третман на отпадот од сите медицински установи во државата. […]

„Дрисла“ има капацитет да го согори целиот медицински отпад што се создава од корона вирусот

април 21, 2020

Инсенераторот во скопската депонија „Дрисла“ има капацитет да го согори целиот медицински отпад што се генерира од почетокот на кризата со корона вирусот. Капацитетот на постројката од 2,5 тони опасен отпад за 24 часа е сосема доволен за редовен и соодветен третман на отпадот што деновиве се изнесува од Клиниката за инфективни болести и фебрилни […]

Контраспин: Медицинскиот отпад нема партиски мирис – тој што е на власт, тој е одговорен

февруари 7, 2020

Во меѓусебно препукување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со скандалот со медицинскиот отпад, кај партијата на власт се препознава спин во нејзината контрареакција, пишува „Вистиномер.мк“. „Вистината е дека неодговорното однесување на Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“ е последица на режимското владеење на Никола Груевски и неговите реалции со ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ преку свои кадри […]

Шилегов: Уживам да гледам како структури од бившиот режим кои не си ја завршиле работата се препелкаат за да се извадат

февруари 6, 2020

Целосно е неприфатливо и неодговорно однесувањето на двете клучни институции во случајот медицински отпад од „Еко клуб 95“ и, да се прашувам јас, тие луѓе не би биле ниту јавен обвинител, ниту државен инспектор, беше реакцијата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција за ставот на Јавното Обвинителство и на Државниот Инспекторат дека Градскиот […]

Шилегов два месеца знаел за случајот со „Еко клуб 95“, но чекал на Јавното обвинителство

февруари 4, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес го обелодени случајот со непрописното постапување со медицинскиот отпад на фирма од Битола со погон за преработка во кругот на некогашен МЗТ, за кој, како што самиот кажа дека е „скандал со ужасна содржина која треба да го вклучи алармот на другите институции“. Тој пред новинарите денес со слики и […]

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

јули 27, 2018

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни […]

Во Дрисла од денеска нов филтер за согорување медицински отпад

април 25, 2018

Од денеска на депонијата Дрисла во функција е новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор), соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Станува збор за филтер којшто е поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад и кој ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксид и други честички кои се ослободуваат при согорувањето. Поставувањето […]

Бујароска: Од Владата очекувавме повеќе против загадувањето

јануари 14, 2018

Посериозно почна да се решава проблемот со загадувањето, но не со брзината со која очекувавме да се остварат барањата нa еколошките организации, вели Александра Бујароска од Фронт 21/42, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. За печката за медицински отпад на депонијата „Дрисла“ таа вели дека во времето кога е инсталирана одговарала и на европските […]

Во Дрисла ќе се набави воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

јануари 10, 2018

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираше дека, при денешниот вонреден инспекциски надзор на депонијата за комунален отпад во Дрисла, утврдиле дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад, а примениот медицински отпад се складира во контејнери. Инспекторатот бил информиран дека во Дрисла, во тек е набавка на воден скрубер/филтер […]

Страна 1 од 1