fbpx

Медицинскиот отпад во „Дрисла“ нема веќе да се гори, туку ќе се стерилизира

-

Медицинскиот отпад од целата земја ќе се третира во депонијата Дрисла во нов стерилизатор-аутоклав, набавен од Италија. Нов инсенератор нема да се купува, а постоечкиот ќе се користи само за горење документација. Капацитетот на стерилизаторот е 2.000 литри на час и ќе ги задоволи потребите за третман на отпадот од сите медицински установи во државата.

Директорот на Дрисла“, Коста Начевски, информира дека депонијата одлучила наместо да инвестира во нов инсенератор, да ја смени технологијата на третман на медицинскиот отпад и наместо согорување да го стерилизира и депонира. На тој начин ќе нема никакви емисии во воздухот и ќе се заштити здравјето на луѓето.

Слободан ЃуриќДоговорот за стерилизаторот е склучен од претходното раководство, но не бил реализиран до крај и роковите беа пробиени. Стапивме во контакт со добавувачот, неделава треба да ја комплетираме исплатата на 17 милиони денари и ќе очекуваме кога ќе помине кризата со коронавирусот да ни биде испорачан, вели Начевски.

Стерилизаторот е производство на компанијата Чиза од Италија и според сертификатот во него може да се врши комплетна стеризлизација на се што доаѓа од здравствените установи. Работи под висок притисок и температура од 138 степени Целзиусови, а воедно го ситни опасниот отпад и го подготвува за депонирање.

Целиот систем го гледавме на видео презентација и задоволни сме од перформансите на аутоклавот. Се работи за затворен систем во кој целиот отпад влегува во шредер и по ситнењето не се преместува, туку веднаш продолжува на стерилизација. Кога ќе заврши процесот се депонира како аутоклавиран комунален отпад, објаснува Начевски.

Тој вели дека депонијата со доаѓањето на стерилизаторот планира да воведе нови стандарди во целиот систем на третман на медицински отпад. Ќе се гради нова хала во која ќе се смести новата постројка и во која ќе работат вработени само од овој сектор кои работат со собирање на медицински отпад и кои ќе ја ракуваат постројката. Тоа, вели Начевски, е европски протокол за постапување со овој тип на опасен отпад и на тој начин смета дека ќе престанат шпекулациите врзани за депонијата и за начинот на кој се третира отпадот.

Во земјава има и приватни фирми кои имаат дозвола од Министерството за животна средина за собирање транспорт и третман на медицински отпад, а во февруари Инспекторатот на Град Скопје откри случај на депонирање на несоодветно третиран медицински отпад, кој беше во надлежност на една од нив. Градоначалникот Петре Шилегов и градскиот инспектор Мирослав Богдановски скандалот го обелоденија во јавноста со видео и фото документација на која се гледа како кучиња скитници јадат остатоци од отпадот и како крв се цеди во атмосферската канализација која истекува во Вардар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...