fbpx

Контраспин: Медицинскиот отпад нема партиски мирис – тој што е на власт, тој е одговорен

-

Во меѓусебно препукување на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во врска со скандалот со медицинскиот отпад, кај партијата на власт се препознава спин во нејзината контрареакција, пишува „Вистиномер.мк“.

„Вистината е дека неодговорното однесување на Сашо Јанакиевски од „Еко клуб“ е последица на режимското владеење на Никола Груевски и неговите реалции со ВМРО-ДПМНЕ. Токму ВМРО-ДПМНЕ преку свои кадри свесно ги труел граѓаните, а денес оваа партија предводена од Мицкоски ги брани ставовите на криминалецот во бегство Груевски.ВМРО-ДПМНЕ е единствениот виновник за тоа што со години се загрозувала животната средина преку несоодветно третиран опасен отпад. Овој случај мора да добие правна разрешница, никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Но, растот на „Еко клуб“ и подемот на нејзиниот сопственик Сашо Јанакиевски, можеби се дело и на владата на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски, но со оваа компанија договори за трошење јавни пари склучувале и Андреј Жерновски (2016 година) и други директори на јавни установи во времето на владеењето на СДСМ од 2017 година до денес. А, кој ги троши јавните пари, тој е одговорен и за контролата дали тие се трошат правилно и без да се загрозува животната средина.

Целата анализа можете да ја прочитате на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...