fbpx

„Го сакам Водно“: Нема да дозволиме да го уништат Водно поради бизнис игри и интереси

-

Денес во Град Скопје ќе се оддржи втора јавна расправа за Студија за валоризација на природните вредности на планината Водно, три месеца откако на претходната оваа студија, подготвувана од Градот и од УНДП беше дочекана на нож од граѓанските еколошки здруженија како и од дел од стручната јавност поради што се предлага низок степен на заштита на парк-шумата, а се предвидува значително намалување на подрачјето на заштита, како и изградба на објекти и зголемување на обемот на дозволените стопански активности на Водно. Оваа студија, како што најави минатата година скопскиот градоначалник Петре Шилегов, требаше да биде “ стратешки документ за Водно“ и основа за изработката на Законот за Водно, ветен од Владата по минатогодишните протести против изградбата на гасоводната траса преку планината, кои ги организираше „Го сакам Водно“.

– Нашето разочарување е големо, но нема да дозволиме да помине незабележано целосното урбанизирање на Водно под превез на развој на туризам. Наместо специјален закон за Водно, се изработи студија која прави страшен упад во природата под маска на интеракција на луѓето со природата. На Водно му треба закон кој ќе ја заштити природата а не бизнис интересите. Студијата оперира со податоци постари од 10 години , а како основ за изработка на границите се дава оценка врз основа на ДУП-ови, што е невиден апсурд за студија која треба да заштити природа, а не урбанизам – велат за „Мета“ од „Го сакам Водно“. Кои потенцираат дека „нема да дозволат бизнис игри и интереси да го уништат единственото место за рекреација во природа и ќе се борат против тоа на секој начин кој им е на располагање“.

Претходно, скопскиот градоначалник Шилегов, во својот отчет за двегодишната работа најави дека ќе го урбанизира Водно преку реализација на неколку проекти ако адреналински парк, зиплајн, амфитеатар и угостителски содржини.

Забелешки за студијата за Водно доставија и Шумарскиот факултет од Скопје и организацијата „Еко-свест“. Изготвувачите на студијата ги отфрлија барањата на професорот Иван Блинков од Шумарскиот факултет во студијата да се третира и опасноста од ерозија која постои на Водно, како и неговото пошумување поради заштита на Скопје од поплави, како и барањата на „Еко-свест“ за воспоставување на повисок степен на заштита на некогашната парк-шума Водно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...