fbpx

Најмалку седум жртви во силниот земјотрес што ја погоди Албанија и го потресе целиот Балкан

-

Силен земјотрес рано утрово, во 3.54 часот, ја погоди Албанија. Најмалку седум лица загинаа, а над 300 лица се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени регистриран на 30 километри западно од Тирана, во непосредна околина на Драч. Албанските медиуми јавуваат дека во Драч се загинати најмалку три лица, а загинати има и во Тумане и Курбин.

Медиумите од Албанија потврдуваат дека спасувачките акции сѐ уште траат. Радио-телевизија Албанија јавува за две заробени семејства од осум и пет члена во рушевините во објекти во Тумане.

Втор земјотрес со јачина 5,4 степени утрово во 7:10 часот повторно ја погоди Албанија, што предизвика дополнителен страв и паника кај граѓаните од земјата. Албанските медиуми ја потврдија информацијата дека меѓународниот аеродром во Тирана е затворен поради големи оштетувања на терминалната зграда. Денеска нема да работат ниту училиштата во Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама утрово го посети Драч, додека претседателот Илир Мета ги посети повредените во болница во Тирана. Премиерот Рама напиша на „Твитер“ дека грчкиот и италијанскиот премиер Киријакос Мицотакис и Џузепе Конте веќе наредиле да се испратат во Албанија летала со специјални тимови за спасување.

Најсилниот од серијата земјотреси во Албанија беше почувствуван и во Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, од четири до пет степени во Скопје, Кичево, Битола и во источните делови на земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...