четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Го сакам Водно | 33 резултати

Министерот Нуредини во клинч со „Го сакам Водно“ и „02 Иницијатива“ за иднината на Водно

февруари 23, 2021

„Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ денеска го повикаа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини да ги објасни сите изјави и ставови што проструија низ медиумите деновиве дека Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) има изготвено став за иднината на Водно, и тоа изнесен преку Владата четири дена пред најавените […]

„Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ бараат Водно да се заштити со посебен закон

февруари 12, 2021

Триесет и осум граѓански здруженија и иницијативи денеска до Владата доставија барање за итно стопирање на започнатите постапки за прогласување на дел од планината Водно во заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел и итно пристапување кон изработка на посебен закон за заштита на парк-шумата Водно. „Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ бараат од […]

Заштитата на парк-шумата Водно заглави во процедурите

јуни 2, 2020

Иако пред две години беше најавен како приоритетен, законот за Водно не е изготвен. Според последната Студија за ревалоризација на парк-шумата, заштитата на ова подрачје е предвидена да биде од ниска категорија. Тоа значи дека Водно, наместо со закон ќе може да се заштити со одлука на Владата. Оваа Студија минатиот месец пристигнала во Министерството […]

Советот на Град Скопје го прогласи Водно за заштитен предел

април 3, 2020

На денешната вонредна седница која се одржа на отворено, пред бараките на Град Скопје, Советот на Градот, помеѓу точките кои се однесуваа на носењето вонредни економски мерки поради епидемијата на корона-вирусот, како и на финансиското работење на градот и институциите кои спаѓаат во негова надлежност, ја изгласа и одлуката за прогласување на парк-шумата Водно за […]

Вандализирана планинарска патека на Водно, од Градот велат – ако го знаете виновникот, пријавете го

март 16, 2020

Уништени маркации за безбедно движење по планинарските патеки на Водно осамнаа пред неколку дена на најпосетеното рекреативно сврталиште на Скопјани. Според информациите кои „Мета.мк“ ги доби од планинари-посетители на Водно, а потоа и од увид на лице место, се работи за намерно уништување на обележјата, извршено од помала група маунтин-бајкери, кои сметаат дека имаат ексклузивно […]

Градот сака зиплајн на Водно, екологистите бараат дрвја и зеленило

декември 17, 2019

Градот вчера пред претставници на граѓанските здруженија и на планинарски и велосипедски клубови ја презентираше Студијата за Водно како туристичко-рекреативен центар, изработена од експерти од Словенија и Австрија, со која се предвидуваат спортско-рекреативни содржини на падините на планината. Со оваа студија Градот ги најави намерите за зголемување на комерцијалниот ефект од зголемената посетеност на Водно […]

Шилегов ќе го разубавува Водно да биде атрактивно, екологистите се против урбанизацијата

ноември 26, 2019

Доколку биде усвоена Студијата за ревалоризација на Водно, следниот чекор е Владата да донесе одлука за прогласување на оваа планина за заштитено подрачје во склад со препораките на експертите и тоа би можело да биде направено пред Владата да и отстапи место на техничка влада во пресрет на најавените параламентарни избори. Ова беше кажано на […]

„Го сакам Водно“: Нема да дозволиме да го уништат Водно поради бизнис игри и интереси

ноември 26, 2019

Денес во Град Скопје ќе се оддржи втора јавна расправа за Студија за валоризација на природните вредности на планината Водно, три месеца откако на претходната оваа студија, подготвувана од Градот и од УНДП беше дочекана на нож од граѓанските еколошки здруженија како и од дел од стручната јавност поради што се предлага низок степен на […]

Уште се чека на Законот за Водно: Како 30 дена станаа цела година

октомври 8, 2019

Помина повеќе од година дена откако Владата го задолжи Министерството за животна средина во рок од 30 дена да изготви предлог закон за Водно, а сè уште нема конкретна реализација на оваа Владина одлука. Донесувањето на ваков закон беше предвидено како своевидна компензација за одлуката гасоводната траса сепак да поминува низ парк-шумата, по повеќемесечните протести […]

Еколозите и експертите се согласни: На Водно му треба построга заштита, а не нови објекти

август 26, 2019

Со бројни критики за предвидениот начин и обем на заштита од страна на претставници на еколошките здруженија и на експерти од Шумарскиот факултет во Скопје, денес во Скопје се одржа јавна расправа по новата Студија за валоризација на заштитено подрачје парк-шума Водно. Студијата треба да му претходи на донесувањето на закон за заштита на Водно, […]

Една година по протестите уште се чека законот за Водно

август 15, 2019

Речиси една година откако беше најавен дека ќе биде донесен во најкус можен рок, законот за заштита на Водно се уште е заглавен во институционалните лавиринти. Во подготовката на законот, покрај Град Скопје учествува и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетитие нации (УНДП). Како што е познато, проблемот кој се појави со трасата за […]

„Го сакам Водно“: Ќе се садат нови дрвја, не се откажуваме додека не се реализира ветеното

април 25, 2019

Пошумување на Водно во размери кои не се видени уште од педесетите кога плански била пошумувана планината, со пари кои ги обезбедува Македонски енергетски ресурси (МЕР), треба да се реализира веќе оваа есен. Ова им беше најавено на претставниците на „Го сакам Водно“ на состанокот со работната група, составена од Министерството за животна средина и […]

„Го сакам Водно“: Предложениот закон далеку од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно и Матка

март 7, 2019

На толку дебати, состаноци, средби и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се задолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години. Ова е реакцијата на граѓанското здружение „Го сакам Водно“ по повод денешната изјава на […]

Падна и најгустата шума заради изградба на гасоводот на Водно, реагираат еко-активистите

февруари 27, 2019

Еколошките активисти од „Го сакам Водно“ реагираа на новата сеча на дрва на Водно на потегот Бел Камен – Бункери, бидејќи се прави без решение за измени во тек на градба, односно одобрението за сеча на шумата на Водно била издадена врз основа на претходната верзија на трасата. „Исечени се дрва на целиот потег, од […]

„Го сакам Водно“ на Шилегов му испорача новогодишно пакетче со 13 барања

декември 27, 2018

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денеска на градоначалникот на Град Скопје му предадоа „новогодишно пакетче“ од 13 барања за трајно решавање и заштита на парк-шумата Водно. Тие бараат итно да се донесе закон за Водно, а во меѓувреме Министерството за животна средина да издаде привремен заштитен статус на Водно, како би се оневозможила […]

Новогодишно пакетче ќе добие Шилегов утре од „Го сакам Водно“

декември 26, 2018

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ соопштија дека подготвиле новогодишно „пакетче“ со барања до градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кои се однесуваат на парк-шума Водно и дека симболично ќе му ги предадат утре во 11 часот во просториите на Град Скопје, во присуство на медиумите. „Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на […]

Екологистите бараат итно прекинување на изградбата на гасоводот низ Водно

октомври 29, 2018

Багерите кои го градат гасоводот преку парк-шумата Водно се стигнати до терен кој е толку стрмен и непрооден, што натамошните градежни активности таму стануваат апсурден градежен потфат и претставуваат загрозување на животот на работниците на терен, велат од еколошките граѓански здруженија собрани околу иницијативата „Го сакам Водно“. „После месечна борба на претставки и жалби, стигнавме […]

Се гради гасоводот преку Водно, екологистите немоќни да ги спречат багерите

октомври 15, 2018

Багерите ангажирани од Македонски енергетски ресурси (МЕР) денеска интензивно работеа на пробивање на трасата на гасоводот преку Водно на потегот над селото Шишево, информираат активистите на „Го сакам Водно“, кои беа присутни на лице место. – Соочени сме со очигледно самоволно донесена одлука на власта да ја продолжи изградбата на гасоводот преку Водно по секоја […]

„Го сакам Водно“ и власта не се договорија околу гасоводот

септември 18, 2018

Претставниците на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно и на власта – заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, не успеаја да најдат заеднички јазик околу спорната траса на гасоводната делница 5, Скопје-Тетово-Гостивар, преку Водно. Тие ги вкрстија аргументите на јавната дебата  на тема „Гасовод преку […]

Екологистите до Макрадули: Водно е заштитено, ќе ви подариме примерок од Законот

септември 6, 2018

Не е точно дека Водно не е заштитено подрачје. Водно е заштитено со закон, категорични се екологистите кои застанаа во одбрана на планината, откако пролетва беше најавено започнување на изградбата на делницата 5 од гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Одговарајќи на изјавата од понеделникот на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, […]

Страна 1 од 2