fbpx
Таг: пандемија

таг: пандемија

Започнува пријавувањето за Виз Ер Скопски Маратон 2021

Организаторите на Виз Ер Скопски Маратон 2021, најавуваат дека овој маратон, кој ќе се одржи по 17-ти пат, за разлика од претходните изданија, ќе биде дводневен настан. Маратонот ќе се одржи на 2 и 3 октомври, а денеска во 10 часот започнува пријавувањето на учесниците, кое ќе се одвива до 15 септември, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. Првиот...

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година, велат од МВР

аМинистерството за внатрешни работи ги информира државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните објавен во „Службен весник“, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година. „Имено, измената на...

Пандемијата го актуелизира социјалниот и правниот ризик на маргинализираните групи

Ковид кризата е исклучителен предизвик и за почитувањето и заштитата на човековите права, особено на маргинализираните групи, кои и надвор од кризата се изложени на несоодветна и ефикасна заштита. Тие во услови на вондредна состојба се изложени на дополнителен економски, правен и социјалне ризик, поради што е неопходно да се подобри комуникацијата на вработените во центрите за социјална работа,...

Шахпаска на МОТ: Успеавме да ја задржиме стабилноста и да ги зачуваме работните места

Министерката за труд и социјална политика смета дека поддршка на компаниите за зачувување на работните места и помошта за најранливите категории граѓани за полесно пребродување на кризата, биле зачувани како врвни приоритети на Владата. „Со тоа, се успеа да се задржи економската стабилност во државата и да се спречи губењето на работни места“, истакна Шахпаска на соноќешната 109-та сесија на...

„Регионална конкурентност, наместо регионална конкуренција“, порача Битиќи на економската конференција во Приштина

Регионалните конференции се потребни за да се направи анализа и да се дискутира за економската состојба меѓу земјите од регионот во изминатата година, која беше подеднакво тешка за сите. Кризата предизвикана од ковид-19 бара да се покаже лидерство и одлучност во справување со препреките и соодветно да се одговори на кризната ситуација. Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања...

Фондацијата Метаморфозис дел од Стокхолмскиот форум за Интернет 2021

По трет пат во своето постоење, Фондацијата Метаморфозис е поканета да учествува на Стокхолмскиот форум за Интернет (Stockholm Internet Forum – SIF) како еден од најважните глобални настани во областа на технологијата и Интернетот. Оваа година, SIF е целосно дигитално искуство, создавајќи единствена можност учесниците да се здружат и да ги придвижат нашите цели преку границите и временските зони. Седмото...

Извршните директори во Македонија се трипати позагрижени за глобалниот економски раст од колегите во ЦИЕ

Глобалното истражување на „Прајсвотерхаус Куперс“ (PwC’s Annaul Global CEO Survey) помеѓу повеќе од 5.000 извршни директори бележи рекордно високо ниво на оптимизам дека глобалниот економски раст по пандемијата со ковид-19 ќе продолжи во 2021. Околу 64 отсто од извршните директори во Централна Источна Европа (ЦИЕ), кои одговорија на истражувањето, се уверени дека следи глобално економско возобновување. Според нив, тоа ќе...

Откажан „Октоберфест“ – втора година по ред

Исто како и минатата година, еден од најпознатите фестивали во светот „Октоберфест“ што секоја година традиционално се одржуваше во септември и октомври во германскиот град Минхен, и оваа година нема да се одржи поради пандемијата на ковид-19. Како што на прес-конференција соопшти премиерот на сојузната германска покраина Баварија, Маркус Седер, ситуацијата е премногу несигурна за да се дозволи одржување на...

Туризмот на Охридско Езеро сериозно погоден од пандемијата, песимизам за закрепнување во текот на 2021 година

Туризмот е еден од најтешко погодените сектори од глобалната пандемија на ковид-19. Буџетот и економијата на градовите кои гравитираат околу Охридското Езеро беа директно погодени од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на болеста. Бројот на туристи кои ја посетија Струга во 2020 година е половина од тоа во 2019 година. Поградец во соседна Албанија се соочува со истата...

За нови програми за вработување годинава се испланирани 24,5 милиони евра, приоритет се лицата без работа поради пандемијата

План за вработување 2021 фото МТСП
За оваа година се предвидени 1,5 милијарди денари (24,5 милиони евра) за реализација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, а со него ќе бидат опфатени 10.279 лица. „Целта е да се зајакне и поддржи пазарот на трудот за надминување на последиците од ковид кризата. Планот ќе значи поддршка на оние...

Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Министерство за внатрешни работи информира дека вчера на 28 февруари (недела), по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик. „Свадбата била прекината,...

Филипче: Докажавме дека здравствениот систем има знаење за справување со пандемијата

Здравствениот ситем покажал знаење и искуство да се носи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја, а здравствените работници заслужуваат почит и благодарност. Ова го посочи министерот за здравство Венко Филипче во видео порака по повод една година од првиот регистриран ковид-19 случај во земјата. „Во изминатата година докажавме и покажавме дека здравствениот систем има сили, знаење и искуство да...

Се чека и руската вакцина „Спутник V“

Владата го овласти министерот за здравство да го потпише договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина. Додека се договараат деталите за оваа, се уште траат бирократските процедури за другите две вакцини – на американски „Фајзер“ и на кинески „Синофарм“, пишува „Гласот на Америка“. Во однос на другите набавки на вакцини, министерот за зравство Венко Филипче денеска само кусо...

Полицијата изрекла 386 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани се 386 прекршоци за неносење заштитна маска, извести Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за ковид-19. Инаку, бројот на активни случаи на лица заболени од ковид-19 во земјава изнесува 6.590, заклучно со вчерашните бројки на...

Пендаровски: Неопходен е Закон за вонредна состојба за да се избегнат празнините со кои се соочивме

На иницијатива на Претседателскиот центар за политичко образование, денеска се одржа конференција на тема „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, на која се дискутираше за потребата за изготвување Закон за вонредна состојба. Во своето обраќање на отворањето на конференцијата, претседателот на државата Стево Пендаровски се осврна на минатогодишната состојба, кога во услови на распуштено Собрание и парализа на Владата,...

Регистрирани 314 нови случаи на ковид-19, 210 пациенти се оздравени, 8 починале

Министерството за здравство извести дека во земјава во последните 24 часа се направени 2.161 тестирања, и притоа се регистрирани 314 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5 во секој град, Куманово,...

Вистиномер: Филмот „Songbird“ е нов, не е направен пред ковид-19 пандемијата

Проектот за филмот „Songbird“ беше најавен во мај 2020 година и е американски трилер од категоријата научна фантастика базиран токму на ковид-19 пандемијата. „Songbird“ беше објавен преку опцијата премиум видео на ЈуТјуб на 11 декември 2020 година, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа. Пост на Фејсбук преку кратко видео од филмот „Songbird“ ја манипулира јавноста дека пандемијата со ковид-19 не е...

Казни за 428 лица што не носеле маски

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во изминатите 24 часа, полициски службеници откре 428 прекришоци на уредбата за задолжително носење заштитна маска. Бројката на прекршоци се однесува на целата земја, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ширењето на ковид-19.

Извршени 2.118 тестирања, откриени 403 нови случаи на ковид-19, десет пациенти починале

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-165, Куманово-30, Дебар-9, Штип-4, Прилеп-10, Тетово-14, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22, Гостивар-11, Гевгелија-8, Струмица-13, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-14, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-3, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11. Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 339 оздравени...

Лекарите и медицинскиот персонал најзаслужни во битката со ковид, лажните вести – зараза што се шири побрзо од вирусот

Одлуката за носење маска на нива и во парк беше непотребна. Од овој аспект, и целосните карантини беа непотребни. Матичните лекари требаше да се насочат како да лекуваат бидејќи луѓето испија тон антибиотици. Пропусти имаше, но во целина, може да се каже дека државата добро реагираше и се справува со ковид-кризата, а на лекарите и на медицинскиот персонал, треба...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...