Фото: Коалиција Маргини

Ковид кризата е исклучителен предизвик и за почитувањето и заштитата на човековите права, особено на маргинализираните групи, кои и надвор од кризата се изложени на несоодветна и ефикасна заштита. Тие во услови на вондредна состојба се изложени на дополнителен економски, правен и социјалне ризик, поради што е неопходно да се подобри комуникацијата на вработените во центрите за социјална работа, да се обезбедат достапни информации за правата на овие граѓани и да се реформира системот на социјална заштита преку јасни и брзи постапки за остварување на правна и на социјална заштита.

Ова, меѓу другото, се препраките во Извештајот „Човековите права на маргинализраните заедници во услови на ковид-19“, кој го подготви Мрежата за заштита од дискриминација и во кого се наведени податоци од истражувањето во 2020, за влијанието што мерките за справување со ковид 19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници.

Со цел превенција на семејното насилство во услови на вонредна состојба, здруженијата ја посочуваат неопходноста од зголемена информираност на населението за семејно насилство и алтернативни капацитети за згрижување на жртвите, потоа формирање на државен фонд за надомест на трошоците за живот за жените и децата и итно процесуирање на случаите на семејно насилство пред судовите и другите надлежни институции.

Според Драгана Дрндаревска од Здружението ХЕРА, членките на Мрежата за заштита од дискриминација за време на пандемијата покажаа значително ниво на отпорност и приспособливост на новонастанатите услови.

„Мерките на Владата за справување со ковид кризата ги ограничија човековите права и врз маргинализираните заедници, чии права и онака не беа на високо ниво во државата. Но, мерките имаа непропорционален ефект врз овие групи и ги актуелизираа проблемите на социјална и правна заштита, како и на семејното насилство“, посочи Дрндаревска, која рече дека токму затоа, Мрежата за дискриминација во периодот на пандемијата работеше непосредно со овие групи за наоѓање на решенија за олеснување на социјлано економските ефекти од кризата.

Адвокатката Наташа Бошкова, дел од екипата која го подготви Извештајот, посочи дека падемијата ги намали можностите за решавање на правните проблеми на овие групи, во однос на општото население.

„Пандемијата ја загрози правната сигурност на граѓаните, а членките на Мрежата преземаа низа акции за информирање и заштита на маргинализираните групи. Поради пандемијата, 3,5 отсто од донесените судски решенија за казна затвор, од доменот семејно насилство, не се реализираа лани до 1 септември или се одложија“, посочи Бошкова , која додаде дека неефикасното постапување на полицијата во случаи на семејно насилство продолжи за време на вонредната состојба. „По посетата од страна на полицијата, жртвата беше оставена дома со насилникот, а случајот заведен како поплака. Официјалните податоци од МВР од вториот квартал на 2020 година покажуваат дека, кога имаше и најмногу денови на ограничено движење-карантин, од април, до јуни 2020 година, евидентира се вкупно 985 поплаки, што е за 34 отсто повеќе во споредба со 2019.

Според Извештајот, половина од судските постапкит на интервјуираните лица се однесуваат на регулирање на семејни односи, развод на брак, доделување на старателство, на издршка, изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство или заштита од семејно насилство во кривична постапка.

Податоци во Извештајот се од спроведени интервјуа на 127 испитаници, припадници на маргинализираните заедници: Ром(к)и, сексуалните работници/чки, луѓето што употребуваат дроги, ЛГБТИ луѓето, луѓето што живеат со ХИВ и жените жртви на семејно насилство. Од нив, луѓе кои употребуваат дроги се застапени со 19,7 отсто, Ром(к)и 22 отсто, ЛГБТИ 19,7 отсто, луѓе што живеат со ХИВ 11 отсто, жени жртви на семејно насилство 14,2 отсто, сексуални работници 21 отсто. А, вкупно 17 испитаници се изјасниле дека припаѓаат на повеќе од една маргинализирана група.