Венко Филипче | Фото: Арбнора Мехмети

Владата го овласти министерот за здравство да го потпише договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина. Додека се договараат деталите за оваа, се уште траат бирократските процедури за другите две вакцини – на американски „Фајзер“ и на кинески „Синофарм“, пишува „Гласот на Америка“.

Во однос на другите набавки на вакцини, министерот за зравство Венко Филипче денеска само кусо информираше дека „се надева дека во следните денови ќе за знаат конкретните датуми кога ќе пристигнат вакцините од „Фајзер“ и „Синофарм“.

Инаку, министерот за здравство Филипче денеска потврди дека бројот на нови случаи расте поради ширењето на британскиот сој.