fbpx

Извршени 2.118 тестирања, откриени 403 нови случаи на ковид-19, десет пациенти починале

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-165, Куманово-30, Дебар-9, Штип-4, Прилеп-10, Тетово-14, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22, Гостивар-11, Гевгелија-8, Струмица-13, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-14, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-3, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 339 оздравени пациенти од: Скопје-106, Куманово-22, Дебар-14, Штип-14, Прилеп-28, Тетово-10, Велес-13, Битола-15, Кавадарци-24, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.

Починати се 10 лица: дваја пациенти од Скопје (54 и 90г.), еден од Куманово (73г.), двајца пациенти од Прилеп (59 и 56г.), еден од Охрид (72г.), пациент од Богданци (76г.), од Струмица (71г.), од Македонска Каменица (74г.) и еден пациент од Кичево (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.389, бројката на оздравени пациенти е 69.476, на починати е 2682, а бројот на активни случаи изнесува 16.231.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...