fbpx
Таг: пандемија

таг: пандемија

Бројката на смртни случаи од ковид-19 надмина 2.500, во последните 24 часа регистрирани 536 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19. Починати се 15 лица, и со овој нов трагичен биланс, бројката на починати од почетокот на пандемијата надмина 2.500. Сите починати во изминатите 24 часа биле згрижени во болнички услови. Од нив шестмина се од Скопје, по двајца од...

УНЕСКО објави насоки за инклузивно медиумско известување за ковид-19

УНЕСКО ја објави публикацијата „Насоки за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија. Целта на насоките е да се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата,...

Евростат: Ковид кризата „изеде“ 10 отсто од приходите на вработените во ЕУ, Хрватите се најголеми губитници

Пандемијата и затворањето на економиите доведоа до голем пораст на бројот на работници кои отсуствуваат од работа, работат скратено време или останаа без работа. Поради овие три причини, на ниво на Европска унија се намалени и приходите на вработените за околу 5 отсто, во однос на приходите остварени во 2019 година, а најлошо според истражувањето на Евростат за влијанието...

РКЕ го задолжи БЕГ да испорачува парно-греење и кога температурата стигнува до 16 степени преку ден

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ги одобри измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина со кои се предвидува зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите, информираат од таму. Измените следувале „со цел да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во...

Кога кафулињата рано ќе затворат, забавата продолжува во Градскиот парк

Стотици млади, на возраст од 16 до 20 години, собрани во групи и од по десетина, вечерва можат да се забележат во Градскиот парк во Скопје. Најголем број од нив се без маски на лицата, слушаат музика и се забавуваат седнати на сепарињата кај фонтаната „Лотос“ и по околните тревници. Реки од луѓе кои се излезени на прошетка вечерва може...

Стопанската комора на Северозападна Македонија финансиски ќе поддржи 15 микро и мали компании

Во рамки на пост ковид-19 трансформативната програма, финансиски поддржана и од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Стопанската Комора на Северозападна Македонија ќе поддржи 15 микро и мали компании. Тие ќе добијат директна поддршка за обезбедување ликвидност, за зачувување на работните места и како и приклучување во ланецот на снабдување на Комората, што ќе значи проширување на...

Дезинформациите не беа навреме препознаени како закана за демократијата

Одредени граѓански организации на Балканот, како Фондацијата Метаморфозис, пред скоро цела деценија почнаа да ги разгледуваат ефектите од дезинформациите, спиновите и пропагандата, но овие појави тогаш не беа препознаени како сериозна закана за демократијата. Владата нема ексклузивно место во борбата со појавата на дезинформациите, теориите на заговор и манипулациите, туку во таа битка треба заедно да настапат сите општествени...

СЗО не се спротивставува на воведување карантин, но вели дека тоа не е единствената мерка

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Грчкиот портал за...

ВМРО-ДПМНЕ бара државна комисија за справување со пандемијата, Филипче вели дека го загрозуваат јавното здравје

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложила специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена, но овој предлот министерот за здравство Венко Филипче го одбил, информираше Антонијо Милошоски. Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ оваа Комисија би ја сочинувале министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца членови, епидемиолози двајца членови, микробиолози...

Во изминативе 24 часа, 12 починати, 161 нов случај и 154 оздравени

Во изминатите 24 часа во земјава 12 пациенти починале со симптоми на ковид-19, откриени се 161 нов случај од 771 направени тестови, а 154 пациенти оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новодијагностицираните, најголемиот број, како што беше случај и во изминатиов период, се луѓе од Скопје, односно 90. Од Куманово се 11 од новите случаи, Штип - 2, Прилеп -...

Вистиномер: Фотографија од концерт во Британија не е никаков доказ за „нов светски поредок“

Со фотографија од музички концерт во Британија и друга фотографија од трла со овци, манипулативно поставени една над друга за да доловуваат сличност на состојбата во која се наоѓаат луѓето на концертот и овците во трлата, Фејсбук постот тврди дека тоа е доказ за „новиот светски поредок“ и дека мора да се даде отпор. Тој има дури 212 споделувања...

Вистиномер: Бил Гејтс пред 5 години зборувал за опасност од нови пандемии, а не конкретно за коронавирусот

На Фејсбук се шири објава со која се наметнува мислење дека основачот на „Мајкрософт“, бизнисменот и филантроп, Бил Гејтс, уште пред пет години предвидел оти токму годинава ќе има пандемија на ковид-19. Во случајот се манипулира со негово излагање на TED конференција за ебола, каде тој укажува дека светот не сторил доволно за да ја запре болеста и говори...

Вистиномер: Ем невистини, ем антисемитизам во теорија на заговор за Ковид-19

Обвинувањето дека зад ковид-19 пандемијата стои еврејско-болшевичка револуција со крајна цел воведување тоталитарен режим, претставува уште една теорија на заговор што се шири по социјалните мрежи, а е со ништо поткрепена. Таа лага носи подеднакво две опасности – ем сее неверување за коронавирусот, ем сее говор на омраза, , пишува „Вистиномер.мк“. Пост објава на Фејсбук со лажна содржина внесува забуна и опасен...

Младите во државата денес ќе протестираат за справување со климатската криза

По повод глобалниот ден на климатската акција, денеска пред Владата во 16 часот ќе се организира sit-in протест на кој ќе се приклучат македонскиот огранок на „Петоци за Иднината“ заедно со Сојузот на средношколци и Универзитетското студентско собрание при УКИМ. Целта на овој протест е вршење притисок врз политичките елити да почнат да спроведуваат политики за справување со климатската криза,...

Утре во Прилеп изложба на прилепските уметници во Центарот за култура

Утре со почеток во 20 часот, членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп (ДЛУП) на прилепската јавност ќе и ги презентираат делата од годинешната заедничка поставка, кои ќе бидат изложени во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“. „Во најтешките ситуации како што е оваа, каде што за да се одржува духот на човекот неопходно е да се...

„Вистиномер“: Видео-микс за Лукашенко, Вучиќ и ММФ, искористен за лажни вести за пандемијата

„Креативно видео“, очигледно наменето за српското говорно подрачје, во кое се презентираат ставови на италијански фри-ленс новинар, е објавено на Фејсбук на македонски јазик и е погледнато над 30 илјади пати, нуди лажна содржина за пандемијата со корона вирусот. Крајната порака на постот и видеото е дека пандемијата е светски заговор и дека многу влади учествувале во истиот, со...

Вујошевиќ: Уметноста мора да влијае и бутка во акција, а пандемијата не е изговор за пасивност на театарот

„Разговори за театарот во време на пандемија“ е еден обид да се сублимираат сите состојби на умот и душата на уметникот и професорот во едно кризно време, вели Слаѓана Вујошевиќ, актерката која во текот на пандемијата успеа да реализира преку 30 разговори со своите колеги актери, режисери и професори и заедно со нив да дискутира за актуелната ситуација со...

Андоновски: Некој мора да го исчисти ѓубрето, а јас сум ѓубреџија во книжевноста

Секој од нас се бори и справува на свој начин, ќе каже писателот Петар Андоновски во една прилика. Неговата извојувана борба во овој случај е книгата „Лето во кое те нема“ која веќе излезе од печат, а своја промоција ќе има вечерва со почеток во 21 часот во „ShortBus“, во склоп на Skopje Pride Weekend. Македонскиот современ писател Андоновски зад...

„Статуафест“ годинава го прикажа Скопје во време на корона (ГАЛЕРИЈА)

Изминатиот викенд во Скопје се одржа четвртото издание на „Статуафест - Другото лице на улицата“ чија тема годинава беше пандемијата со корона вирусот, односно „Скопје во време на корона“ Актери, пантомимичари и улични артисти низ „замрзнати сцени“ ја покажаа промената во животот кај нас, но и во светот откако се појави пандемијата со ковид-19, од март наваму. На плоштадот и...

Во Гинекологија Чаир од јануари досега евидентирани 300 породувања повеќе во однос на лани

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, соопштија од Министерството за здравство. „Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на овој период лани, кога...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...