fbpx

СЗО не се спротивставува на воведување карантин, но вели дека тоа не е единствената мерка

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот.

Грчкиот портал за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr анализира тврдења објавен на грчки веб-сајт, дека нема потреба од посебни мерки и од затворање (lockdown), како и дека новиот корона вирус не бил поопасен од сезонскиот грип, односно не убивал повеќе луѓе отколку болеста што секоја есен ги погодува луѓето.

Конкретно, станува збор за изнесување тврдења дека Светската здравствена организација (СЗО) ги потврдила ставовите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека не треба да се наметнува затворање дома поради пандемијата, како и дека ковид-19 носи со себе помала смртност отколку сезонскиот грип.

Грчкиот портал за проверка на фактите, наспроти ваквите тврдења, вели дека СЗО од почетокот на пандемијата вели дека затворањата не треба да бидат единствената мерка што некоја земја ги презема за да се справи со заканата, туку тие се легитимна мерка за ограничена употреба, како дел од посеопфатен план за справување со пандемијата. Исто така, ellinikahoaxes.gr во однос на тврдењата поврзани со претседателот на САД и наводната согласност од СЗО, посочува дека и светската организација и нови научни публикации констатираат дека ковид-19 носи со себе неколкупати поголема смртност отколку сезонскиот грип.

Кога ќе се разгледаат деталите на овие вешто завиени дезинформации, станува јасно дека американскиот претседател Доналд Трамп е првиот што рекол – на Твитер – дека Светската здравствена организација се согласува со неговите ставови.

Сепак, според „Њусвик“ и „Асошиејтед Прес“, ваквото тврдење е проблематично. Објавата на Трамп е, многу сигурно, во врска со релевантните изјави на експертот наСЗО, дадена за Spectator TV, како што може да се види во видеото:

Како што Набаро вели за Њусвик, неговите зборови биле извадени од контекст. Тој вели оти не рекол дека примената на рестрикциите и затворањето е по дефиниција погрешно, туку дека по првата фаза на пандемијата, правецот што државите треба да го заземат е на средина, односно ниту дозволување слободно ширење на вирусот, ниту повторување на општите карантини.

Поточно, од 5:28 во видеото, тој вели: Срцевината на контролата на ова е тестирање, пронаоѓање на контактите и изолација.

Од 6:37 тој вели: Ние веруваме дека блокадите служат само на една цел, а тоа е да ви дадат малку простор да дишете, да сопре се, вирусот да сопре да се движи, и додека го имате тој простор, навистина треба да градите тестирање, ловење контакти, градење на локалната организација, за кога ќе го кренете затворањето и ќе имате повеќе случаи, да можете да го решите тоа многу, многу поелегантно.

Просто земено, според професорот, не се препорачува затворање како единствена мерка. Исто така, неодамнешна статија во научниот журнал „Лансет“, која што изнесува став на повеќе експерти, посочува дека „Мерките за блокада беа неопходни да се намали смртноста, да се спречи преоптоварување на здравствениот систем и да се дозволи време за системите за реакција на пандемијата да се применат за да се поттисне пренесувањето (на вирусот) откако ќе се крене блокадата.

„Оттука, јасно е дека СЗО ниту целосно ги отфрла рестриктивните мерки ниту пак ги одобрува во таа мерка каква што ја конструира претседателот на САД. СЗО од почетокот потенцира дека блокадите не смее да бидат едиснтвената мерка за справување со пандемијата, туку е легитимна мерка за селективна употреба како дел од сеофатен план за спречување на ширењето на болеста“, посочува ellinikahoaxes.gr.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...