Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мемети
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19. Починати се 15 лица, и со овој нов трагичен биланс, бројката на починати од почетокот на пандемијата надмина 2.500.
Сите починати во изминатите 24 часа биле згрижени во болнички услови. Од нив шестмина се од Скопје, по двајца од Струмица, Куманово и Тетово(66 и 64 г.), и по еден починат пациент од Охрид (64 г.), Кочани (68 г.) и од Пехчево.
Од новорегистрираните заболени најголем дел се од Скопје – 213, потоа од Прилеп – 37 и од Битола 29. Институтот за јавно здравје регистрирал 741 оздравени пациенти.
Со најновите регистрирани случаи, вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, бројката на оздравени пациенти е 61.447, на починати е 2.503, а бројот на активни случаи изнесува 19.379.