fbpx

Во Гинекологија Чаир од јануари досега евидентирани 300 породувања повеќе во однос на лани

-

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, соопштија од Министерството за здравство.

„Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на овој период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања“ информираат од МЗ.

Како што велат од болницата, и во услови на ковид-19 работата тече регуларно, односно болницата ги спроведува породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

„Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од Ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, е задолжително носење заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот“, појаснуваат од Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир.

Инаку, по 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во болницата во Чаир, а значајна новина е и гасификација на оваа јавна здравствена установа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...