„Drive-in“ летно кино со автомобили за првпат во Охрид

Фото: Фејсбук страна на Културолошка иницијатива 5 до 12 - Охрид

Викендов на паркингот Горица 3 – НЕМО, три дена по ред се одржува летно кино во автомобили. Гостите имаа прилика под отворено небо да следат проекција на блокбастери.

За вечерва од 21 часот е закажана проекција на филмот „Куќата што ја изгради Џек“, додека пак, вчеравечер присутните го следеа македонскиот филм „Панкот не е мртов“. Во петокот беше прикажуван „Малиот Гангстер“ („The Little Gangster“).

Согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од ковид-19, картите за една вечер се наплаќаат од автомобил по двајца. Со цел да се избегне метеж, паркингот е отворен од 19:30 часот кога и има Pre-movie Warm Up и изненадувања.