fbpx

Во Гинекологија Чаир после 40 години целосно се реновирани двете операциони сали

-

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир првпат по четири децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали. Станува збор за реконструкција на простор со површина од 420 квадратни метра, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување, во вредност од 86.061.823 денари, информираат од Министерството за здравство.

Додаваат дека, паралелно со активностите за реконструкција и обезбедување нова медицинска опрема, се врши и надополнување на кадарот и унапредување на експертизата на вработените. Во последните три години во болницата се примени вкупно 46 здравствени работници, од кои 11 доктори, 13 медицински сестри, пет акушерки и останат медицински и немедицински кадар. Исто така, одобрени се пет специјализации, две од областа на анестезиологија и по една за медицинска биохемија, болничка педијатрија и гинекологија и акушерство.

„Значајна новина е и почнатата гасификација на котелот за парно греење во оваа јавна здравствена установа. Со години наназад, стариот котел беше загадувач во градот Скопје. И во услови на пандемија со ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи и подобра здравствена грижа за сите граѓани“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...