фото: Влада

Регионалните конференции се потребни за да се направи анализа и да се дискутира за економската состојба меѓу земјите од регионот во изминатата година, која беше подеднакво тешка за сите. Кризата предизвикана од ковид-19 бара да се покаже лидерство и одлучност во справување со препреките и соодветно да се одговори на кризната ситуација. Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната регионална еконoмска конференција: „Економското влијание и последиците од кризата“, која се одржа во Приштина.

„Вистинското лидерство бара да анализираме и да учиме од искуствата, но многу повеќе бара да можеме да видиме преку „ѕидот“ и да ја гледаме иднината и можностите во неа. Сликата за развој на земјите од Западен Балкан во пост ковид периодот, за мене е јасна како нов ден кога се раѓа. Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција. Ова е нашата иднина“, изјави Битиќи. Тој додаде дека, регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан, а преку зацврстување на економската соработка, зајакнување на довербата и унапредување на трговската соработка.

Вицепремиерот истакна дека заедничкиот регионален пазар ќе ја зајакне економската соработка помеѓу земјите во регионот со што ќе ја зголеми нашата конкурентност, но и привлечноста за пазарот на ЕУ.

„Дополнителното засилување на соработката меѓу домашните, балканските компании и странските компании кои се заинтересирани да инвестираат, е силниот вредносен ланец што ќе ја зголеми отпорноста на регионот кон ризиците од било кој тип и ќе ja зајакне нашата способност да се справуваме со предизвиците, ќе донесе напредок и иднина за регионот и ќе ги подготви нашите економии за влез во ЕУ“, нагласи Битиќи.

На економската конференција се обратија и министерката за трговија, претриемнштво и индустрија на Република Косово, Розета Хајдари, директорот на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓ Мура, претседателот на Сеалбанскиот економски форум, Нагип Фејзи, на Стопанската комора на Косово, Скендер Красниќи, на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, како и други  лица од политиката и бизнисот од регионот.