fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

Спасовски и Ременски се кандидати за министри, Зекири нов член на ЦО на СДСМ

Оливер Спасовски и Фросина Ременски се кандидатите на СДСМ за старо-нови министри во привремената влада за спроведување на изборите на 11 декември, која треба да биде избрана утре во Собранието, едногласно одлучи доцна вечерва централниот одбор на партијата. Нема промени ниту во кандидатите за дополнителни заменици-министри. Како и лани, по Договорот од Пржино, кандидат за дополнителен заменик-министер за финансии е...

Министер за еден ден – тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ за предизборна контрола на МВР

Поставувањето на поранешниот професор на универзитетот МИТ и активист на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), Оливер Андонов, за министер за внатрешни работи за еден ден е последниот тактички потег на ВМРО-ДПМНЕ. Ова партијата на власт го прави да ги обезбеди клучните позиции во МВР со проверени кадри пред утрешното гласање во Собранието за избор на привремената влада...

Спасовски: Вечерва ќе се знае кои ќе бидат новите министри и заменици министри

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска не сакаше да ги открие имињата на министрите и на замениците министри кои треба да ги именува СДСМ во преодната влада за организирање на предвремените парламентарни избори. Тој не сакаше да каже дали тој ќе биде старо-нов министер за внатрешни работи. - Вечерва ќе заседаваат највисоките органи...

ВМРО-ДПМНЕ: Со приближување на изборите паниката кај СДСМ се зголемува

Со ниедна лага, СДСМ веќе не може да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните на избори, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски за фантомските гласачи во избирачкиот список. Од владејачката партија велат дека, „десет години по ред разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 200.000 гласови и СДСМ многу добро...

Спасовски: Се потврди дека во избирачкиот список има фантомски гласачи

По завршувањето на рокот за пријавувањето на спорните гласачи, се потврдија сите тези на Социјалдемократскиот сојуз и на опозицијата дека во Македонија има фантомски гласачи, запишани гласачи во избирачкиот список коишто се злоупотребуваа за време на изборниот процес, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски при посетата на Струга. Според него, со тоа што се докажало дека околу 30 илјади...

СДСМ: Грујовски прима ефективна плата и во графата боледување му стои нула

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, се преправа дека не ја разбрал прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и се крие зад МВР, велат од СДСМ. „Документот од УЈП, ги побива обидите на Чавков да се оправда. Од документот може да се види дека Грујовски прима ефективна плата и дека во графата боледување стои нула. Чавков сака да каже...

МВР: Вработените во МВР и на боледување земаат цела плата

Вработените во МВР и кога се на боледување, земаат плата во цел износ, а Оливер Спасовски уште еднаш покажа елементарно непознавање на законските прописи што се однесуваат на вработените во Министерството за внатрешни работи, се вели во реакцијата на МВР на денешната прес-конференција на Спасовски. „Покрај елементарното непознавање на прописите, ќе го потсетиме дека самиот е осомничен за кривично дело неизвршување...

Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

Горан Грујовски ја прима целата плата иако е на боледување. Дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, го брани началникот на петтата управа, Горан Грујовски, кој е под истрага на СЈО, праша генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција. - Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување, не може да преземе соодветни правни...

Спасовски: Груевски сака да судри народ со народ

„На најбрутален начин, со употреба на полиција, вчера беше спречено елементарното право на студентите за слободен избор. Режимот во Македонија спроведе фалсификувани, криминални студентски избори“, обвини денеска на прес-конференција Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ. Тој побара министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, да си даде оставка и сите инволвирани да сносат одговорност за злоупотребата на специјалната полиција против студентите. - Насилството врз...

Чавков го смени началникот на СВР Охрид и назначи нов

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, еден ден по преземањето на функцијата, во текот на вчерашниот ден, го сменил досегашниот и го назначил Гоце Недески за нов началник на Секторот за внатрешни работи во Охрид. Недески е долгогодишен вработен во СВР Охрид и бил раководител на Одделението за аналитика. Претходно со оваа позиција раководеше Сашо Смилески, кој беше назначен од техничкиот...

Најавена јапонска помош за МВР и за општините погодени од мигрантската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со претставници на мисијата на Јапонската агенција за меѓународна соработка. Како што соопштија од МВР, на средбата Спасовски ги посочил предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во справувањето со мигрантската криза, како и со потребата од финансиска поддршка и од поддршка во опрема. Претставниците на Јапонската агенција за меѓународна...

Спасовски: Добар полицаец е не само обучен професионалец, туку и одговорен граѓанин

„Денеска, како никогаш досега, вие сте под огромен притисок. Секој ден од почеток да избирате помеѓу одговорноста и прагматичноста, помеѓу достоинството и егзистенцијата, помеѓу храброста и исплатливоста. Секојдневно повторно, од почеток, да докажувате дека полицаецот е човек кој зад униформата не ја крие својата човечност, зад штитот не ја крие својата правичност, а зад шлемот не го крие разумот“,...

МВР денеска го одбележува Денот на македонската полиција

Денеска, со почетокот во 12 часот, Министерството за внатрешни работи со централна свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје ќе го одбележи 7 Мај - Денот на македонската полиција. На свеченоста, како што е предвидено, ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски, и Славчо Петрушевски, командат на Единицата за специјални...

Министерот Спасовски им го честиташе 7 Мај на припадниците на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на припадниците на безбедносните сили им го честиташе 7 Мај - Денот на македонската полиција, изразувајќи благодарност за нивната „посветеност и пожртвуваност“ во секојдневната работа. „Како министер за внатрешни работи, ми претставува особена чест и задоволство на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да им го честитам 7 Мај -Денот на полицијата и...

Спасовски од Битола: Жалам за инцидентите, не сакам да им давам политичка конотација

„Жалам за инцидентот што се случи вчера во Битола, во кој жртва е поранешен пратеник на СДСМ. Меѓутоа, на масата биле и поранешен градоначалник и поранешен началник на УБК. Не сакам да шпекулирам, не сакам да ставам ништо во политичка конотација, затоа што тој што влече потези исклучиво во интерес на политиката, влече потези против Република Македонија“, рече денеска...

Андоновски: УБК максимално будно ги следи протестите

Мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите (на граѓанската иницијатива „Протестирам“, против одлуката на претседателот Иванов за аболиција, н.з.) се вклучени или дека се оркестрирани од странски државјани, вели во интервју за порталот „Прес 24“, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски. На прашањето како УБК...

Спасовски: Владата создаде услови за пуч во МВР

Владата создаде услови за извршување пуч во МВР, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој истакна дека е оневозможен од страна на Владата да раководи со Министерството, „во овие исклучително тешки моменти за државата“ и да одговара за „последиците од ваквиот свесно креиран хаос во министерството“. - Владата, од неразјаснети за мене причини, не ја испочитува мојата...

Спасовски и Безак потпишаа меморандум за заеднички патроли на јужната граница

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на Словачка во земјава, Мартин Безак, денеска потпишале меморандум за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, во врска со заедничките патроли на македонско-грчката граница поради мигрантската криза, соопшти МВР. „Со потпишување на овој меморандум за разбирање, се утврдува постапката за испраќање словачки полициски службеници на територија на Република Македонија за...

Спасовски и турскиот амбасадор разговараа за политичката криза во Македонија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со турскиот амбасадор во земјава, Омур Солендил. Како што соопшти МВР, на средбата било разговарано за продлабочувањето на политичката криза во Македонија со незаконската одлука на Владата за одземање на надлежностите на министрите Спасовски и Ременски и со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за општо помилување на сите политичари, која предизвика...

МВР: Чавков го доставил избирачкиот список до ДИК без потпис на Спасовски

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, вчера до Државната изборна комисија (ДИК) испратил допис за доставување на криптирано цеде со избирачки список за потребите на комисијата, но без потпис на министерот Оливер Спасовски, соопшти попладнево МВР. Со ова, како што стои во соопштението, бил прекршен ставот 3 од членот 46 од законот за измена на Законот за влада, според кои...